Р401З/18: Историја на родот и полот во ренесансата и просветителството

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Родови студииIV3+26

Наставник: д–р Денко Скаловски

Цели на предметната програма:

Студентите да се здобијат со сознанија за животот на жените во променетите општествени околности во периодот на ренесансата и просветителството, кои довеле до редефинирање на родовите улоги.

Содржина на предметната програма:

Се истражува историскиот период на, главно, 16, 17 и 18 век, и тоа во делови на Западна и Средна Европа: Англија, Франција, Италија, Германија и др. Се изучува „неофицијалната” историја на мажите и жените на различни планови и рамништа: домот и семејството; институциите на образованието; црквата; медицинските установи; правните и политичките институции; научните, културните и уметничките институции. Се прави посебен осврт врз научни, философски и уметнички дела што ги подготвуваат граѓанските движења и револуции, и почетоците на феминизмот.

Литература:

1. Земон Дејвис, Натали и Фарж, Арлет (ур.), Историја на жените на западот, III. Парадоксите на ренесансата и просветителството, Филозофски Факултет, Скопјe, 2015