Упатство за активација на кориснички профил за е-настава на Филозофски факултет
СТУДЕНТИ:
Чекор 1: Пристапете до следниот линк: https://cas.fzf.ukim.edu.mk/ldap-manager/account/activate
Чекор 2: Впишете го вашето корисничко име (user name). Вашето корисничко име е бројот на Вашиот индекс (сите бројки вклучително и последните две од годината која сте запишани, но без косата црта . На пример, ако вашиот број на индекс е 12345/20, вашето корисничко име е: 1234520. По внесување на Вашето корисничко име ќе добиете е-порака на Вашата е-мејл адреса со која се најавувате на IKNOW. Студентите чиј број на индекс се состои од пет или шест бројки, на почетокот на корисничкото име треба да го внесат бројот нула (ако индексот е со шест бројки) или два пати бројот нула (ако индексот се состои од пет бројки). На пример, ако бројот на индекс е 1234/15, корисничкото име е 0123415, или ако бројот на индекс е 345/14, корисничкото име е 0034514.
Чекор 3: Отворете го Вашиот мејл клиент, и отворете го мејлот кој ви е пратен.
Кликнете на линкот за активација.
Чекор 4: Штом кликнете на линкот за активација, ќе Ви се отвори страна за поставување на лозинка. Поради безбедносни причини, лозинката треба да ги исполнува следните барања: да содржи минимум 8 карактери, од кои една голема буква, еден број и еден специјален карактер (@,#,$,%,^,&,*). Кликнете на копчето Прати. Ако успешно е испроцесирано барањето, ќе добиете информација за успешна активација.
Чекор 5: За да се најавите на платформата, одете на страницата: https://courses.fzf.ukim.edu.mk/login/index.php Во долниот десен агол, кликнете на CAS најава. На новата страница која ќе ви се отвори внесете ги корисничкото име (бројот на индекс) и лозинката која ја креиравте во чекор 4.
ПРОФЕСОРИ:
Чекор 1: Пристапете до следниот линк: https://cas.fzf.ukim.edu.mk/ldap-manager/account/activate
Чекор 2: Впишете го вашиот кориснички профил (user name) на следниот начин: ime.prezime (со мали латинични букви, на пример: ilina.ilievska.danev). По внесување на Вашето корисничко име ќе добиете мејл на Вашата факултетска е-мејл адреса.
Чекор 3: Отворете го Вашиот мејл клиент, и отворете го мејлот кој ви е пратен.
Кликнете на линкот за активација.
Чекор 4: Штом кликнете на линкот за активација, ќе Ви се отвори страна за поставување на лозинка. Поради безбедносни причини, лозинката треба да ги исполнува следните барања: да содржи минимум 8 карактери, од кои една голема буква, еден број и еден специјален карактер (@,#,$,%,^,&,*). Кликнете на копчето Прати. Ако успешно е испроцесирано барањето, ќе добиете информација за успешна активација.
Чекор 5: За да се најавите на платформата, одете на страницата: https://courses.fzf.ukim.edu.mk/login/index.php Во долниот десен агол, кликнете на CAS најава. На новата страница која ќе ви се отвори внесете ги корисничкото име (ime.prezime) и лозинката која ја креиравте во чекор 4.
Техничка поддршка:
Антонио … : antonio@fzf.ukim.edu.mk / admin@fzf.ukim.edu.mk