Факултетско студентско собрание
Статут на факултетското студентско собрание
Одлука за распишување избори за членови и претседател на ФСС
Факултетското студентско собрание (ФСС) е студентска организација и е тело во рамките на Филозофскиот факултет во Скопје, во кое членуваат претставници на студентите и истите се бираат на непосредни, фер и демократски избори со тајно гласање. Право на глас, како и право да се кандидира, има секој студент кој е запишан на факултетот, на студии во учебната година во која се избира факултетското студентско собрание.
Мандатот, односно правото да се биде студентски претставник е ограничен на една година со можност за повторен реизбор. Изборите за преставници на факултетското студентско собрание ги распишува деканот на факултетот во рок од 30 дена пред нивното одржување, каде што се формира посебна изборна комисија чие мнозинство е составено од студентите.
Начинот на избор и бројот на членовите на факултетското студентско собрание како и неговите органи се уредуваат со статутот на факултетот.
Со факултеткото собрание претседава претседател кој се избира на непосредни и тајни избори.
Претседателот на факултетското студентско собрание ги извршува одлуките на факултетското собрание, ги извршува одлуките на факултетското студентско собрание, ги застапува студентите и факултетското студентско собрание.
Одлука за избор на претседател на ФСС за мандат од 2021-2022 година
Одлука за избор на членови на ФСС за мандат од 2021-2022 година
Секој студент запишан на Филозофски факултет има можност да учествува во работата на Факултетското студентското собрание независно од националната, верска и полова припадност. Основна цел на Факултетското студентско собрание е да ги застапува интересите на студентите пред Факултетот, Универзитетот и пред органите на државата. Во рамки на ФСС постојат комисии составени од студенти за образование и наука, култура, екологија, спорт и др. преку кои се реализира предвидената програма. Студентското собрание во континуитет презема активности за покачување на студентскиот стандард, унапредување на правата на студентите, спроведување на квалитетна настава и стумулирање на студентскиот активизам.
Во рамки на Факултетското студентското собрание функционира заменик-студентскиот правобранител на Филозофки факултет кој ги застапува и брани правата на студентие.
Факултетското студентско собрание издава студентско списание наречено „Внатрешен патник“. Списанието започнало да се издава во далечната 1995 година во рамки на тогашниот Сојуз на студенти при Филозофскиот факултет во Скопје. Денес списанието „Внатрешен патник“ се издава според современи стандарди, секогаш со актуелни теми претставува глас на студентите. За прв пат во Македонија студентското списанието „Внатрешен патник“ започна да се издава со Брајово писмо (бр. XXI и XXII во 2019 година), како и во специјален фонт за лица со дислексија (DyslexcFZF).
Покрај основите дејности, Факултетското студентско собрание извршува многу други активности. Собранието соработува и организира студентски конферецнии, научни трибини, дебати и други настани во соработка со студентските организации на Филозофски факултет, а тоа се: Клуб на млади историчари на Македонија, Аксиос-студентско археолошко здружение, Спортско- студентско здружение на Филозофски факултет „НИКЕТЕС“-Скопје, ПСИХЕСКО- Здружение на студенти по психологија, АССР-Асоцијација на студенти по социјална работа и Здружение на студенти по специјална едукација и рехабилитација „Специјални студенти.“
Студентското собрание ги поттикнува, стимулира и ги поддржува студентите да се вклучат во меѓународни настани и активности со цел промоција и афирмација на Факултетот. Ние како организација се обидуваме да го потенцираме значењето на вон-факултетските активности и значењето на искуството и праксата во процесот на пронаоѓање работа. Нашите студенти учествуваат на голем број на домашни и меѓународни конференци, семинари, летни школо, кампови, симпозуми, квизови, спортски натпревари и др. Студентите на Филозофски факултет секогаш се закитувале со зналачни признанија од домашни и меѓународни организации.
Бидете во тек и следете не’ на:
- Дамјан Бужаровски
- Претседател на ФСС
- тел.: 3116 520 лок: 230
- e-mail:
- Стефан Николовски
- Заменик-правобранител
- тел.:
- e-mail: zamenik-pravobranitel@fzf.ukim.edu.mк