Одделение за финансиско, сметководствено и материјално работење
Во Одделението за финансиско, сметководствено и материјално работење се вршат работи поврзани со подготвување и реализација на буџетот на факултетот, управување, следење и контрола на приходите и расходите, подготвување на завршна сметка на факултетот и други извештаи од областа на финансиското работење, благајничко, сметководствено и материјалното работење, јавни набавки, пресметка на плати, финансиското управување и реализирање на меѓународните научно – истражувачки проекти и други финансиски и сметководствени работи. Вработените во Одделението се грижат за обезбедување на усогласеност на документацијата со законските и подзаконските прописи и сметководствените стандарди и политики и спроведување на одлуките на органите на факултетот кои се однесуваат на делокругот на работата на Одделението. Исто така, во делокругот на работа на Одделението е изготвување на разни упатства, предлози и акти од областа на финансиите, како и давање на мислења по предлог акти кои може да имаат финансиски импликации на буџетот на факултетот.
- Светлана Милевска
- Виш соработник за финансиско, сметководствено и материјално работење
- тел: 3116 520 локал: 102
- e-mail: svetlana.milevska@fzf.ukim.edu.mk
- Билјана Петровска
- соработник за јавни набавки
- тел: 3116 520 локал: 263
- e-mail: biljanap@fzf.ukim.edu.mk
- Ивана Петковска
- Благајник
- тел: 3116 520 локал: 263
- e-mail: ivanapetkovska@fzf.ukim.edu.mk
- Боге Смилески
- референт за магацинско работење
- тел: 3116 520 локал: 127
- e-mail: boges@fzf.ukim.edu.mk