Д502З/18: Едукација и рехабилитација на деца со аутизам

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Специјална едукација и рехабилитацијаV2+36

Наставник: д–р Наташа Чичевска Јованова, д–р Наташа Станојковска Трајковска

Цели на предметната програма:

Стекнување на компетенции за изведување процена на можностите на децата со аутизам и нарушувања од аутистичниот спектар. Да се стекнат вештини за работа со деца (стратегии за планирање и инструктивни стратегии) со аутизам во воспитно-образовниот систем. Да се стекнат знаења за работа со семејствата на деца со аутизам и можностите за нивно интегрирање во социјалната и општествената средина.

Содржина на предметната програма:

Аутизмот и интелигенцијата; Социјално однесување; Говорот кај децата со аутизам; Моторни проблеми кај децата со аутизам; Емоционална осетливост; Едукација и рехабилитација на децата со аутизам; PECS програма; ABA терапија; Бихејвиорална терапија и аутизмот; Тeach програма; Холдинг терапија; Работа со браќата и сестрите на детето со аутизам; Работа со семејствата.

Литература:

1. Ивона Милачиќ, Аутизам, дијагноза и третман, Факултет за специјална едукација и рехабилитација, Белград 2008

2. Steve Lockett, Teaching young children with autistic spectrum disorders to learn. A practical guide for persons and staff in mainstream schools and nurseries, The National Autistic Society, London 2007

3. Светомир Бојанин, Ивона Милачиќ, Мила Селаковиќ, Аутизам, ИП „Завет“, 1997

4. Gary Мesibov and Мarie Howley, Accessing the Curriculum for Pupils with Autistic Spectrum Disorders Using the TEACCH Programme to Help Inclusion, David Fulton Publishers, 2003

5. Tony Attwood, Aspergerov sindrom, Naklada Slap, 2010