Ф306И/18: Педагошка комуникација

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ФилозофијаIII2+26

Наставник: д–р Вера Стојановска; д–р Елизабета Томевска-Илиевска

Цели на предметната програма:

Знаење, способности и вештини за примена на разни комуникациски облици и комуникациски техники; способност и вештини за ефективно комуницирање; способност за примена на стратегии за ефективна комуникација во паралелката; односно воспитно-образовната група; способност за анализа и евалуација на квалитетот на комуникацијата; способност за примена на стратегии за подобрување на комуникацијата во паралелката односно воспитно-образовната група.

Содржина на предметната програма:

Значење и актуелност на комуникацијата. Определување на поимот комуникација. Структура и тек на комуникацискиот процес. Видови на комуникација. Суштина и карактеристики на педагошката комуникација. Функции и технологија на педагошката комуникација. Теориски основи на педагошката комуникација. Комуникацијата во наставата. Комуникацијата како основа на наставната работа. Микро и макрокомуникации. Анализа и евалуација на квалитетот на комуникацијата во паралелката. Фактори за успешна педагошка комуникација во наставата. Препреки во интерперсоналната комуникацијата во наставата. Комуникациска компетентност на наставникот. Стратегии за развивање на ефективна комуникација во паралелката.

Литература:

1. Tomić, Z., Komunikologija, Beograd: Čigoja, 2003.

2. Bratanić, M., Mikropedagogija (interakcijsko- komunikacijski aspekt odgoja), Zagreb, Školska knjiga, 1990.

3. Петковски, К., Јанкуловска, П., Деловно комуницирање – умешност во комуницирањето, Струга, ИРИС-Р, 2006.

4. Брукфид, С., Прески, С., Дискусијата како метод во наставата, Скопје: Арс Ламина, 2013.

5. Томевска-Илиевска, Е., „Комплексноста на јазичната вештина- слушање“, Парадигми сучаснои педагогики-наукова конференција, Министерство Освити и Науки Украини, 2009.