ПЕ206И/18: Педагошка работа со ранливи лица

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ПедагогијаII3+26

Наставник: д–р Елизабета Томевска – Илиевска, д–р Марија Тофовиќ – Ќамилова

Цели на предметната програма:

Студентите да стекнат знења за значењето и начините на воспитната и образовната инклузија на децата од ранливите групи; да ги развијат наставните вештини за нивно образовно инклузирање и идентификување на нивните образовни потреби.

Содржина на предметната програма:

теоретска рамка на програмата: образовна инклузија (поширок и потесен контекст); мултикултурно и трансформативно образование како основа на образовната инклузија; основни принципи на воспитната работа на образовната инклузија на деца од ранливите групи; наставни модели на работа со деца од ранливи групи; процес на инклузивно образование; модели на инклузивно образование; развој на наставни вештини; надминување на предрасудите, стереотипите и репресијата; културолошки и социолошки варијабли; трансформативен дијалошки процес; етно-педагошки елементи како културни модератори; образовна инклузија како педагошка пракса: дизајнирање и развивање на програмски содржини кои се компатибилни со ефективното образовно инклузирање; педагошки дизајн на наставни часови; воннаставни можности; вклучување на семејствата и пошироката средина; развивање на родителски вештини.

Литература:

1. Тофовиќ Ќамилова, М., Томевска Илиевска, Е., Димитров, Д., Планирање и организирање на компензирачки воннаставни активности со деца од маргиналните групи, Битола, Универзитет Св. Климент Охридски, 2015

2. Томевска Илиевска, Е., Садики, С., Евалуација на проектните модели „Безбедни училишта“ и „Медијација меѓу врсници“ во Република Македонија, Мисија на ОБСЕ во Скопје, 2016

3. Томевска Илиевска, Е., Интерактивни модели за развивање на педагошките компетенции (учебно помагало), Филозофски факултет, 2017

4. Ристевска, С., Хани, А., Николиќ, В., Аземовски, Н., Демировска, Е., Димишковска-Рајковска, Ј. (ур.), Прирачник за социјални вештини и одговорности на наставници и стручни соработници во училиштето, ОБСЕ, Скопје, 2011

5. Тофовиќ Ќамилова, М., Томевска Илиевска, Е. и др., Образовните потреби на децата Роми. Истражувајќи ја другоста: Аспекти на другоста од перспектива на одделни дисциплини во високото образование во Република Македонија, Скопје, 2005

6. Брукфилт, С., Прескил, С. Дискусијата како метод во наставата: алатки и техники за демократија во училницата, Арс ламина, Скопје, 2013

7. Симакоска, С., Индикатори на ефективното мултикултурно образование (магистерски труд), Филозофски факултет, 2013

8. Tofovic Kamilova, M., Tomevska Ilievska, E., “Educational needs of the Roma children in Macedonia“. Quality in Education in the Balkans, 529-534.

 9. Tankersleym, D., Obrazovanje za socijalnu pravdu, 2005

10.  Tong, D., Romi, Interdisciplinaran prikaz, Zagreb: IBIS, 2004

11. http://www.mtsp.gov.mk/WBStorage/Files/strategija_vizija_romi.pdf (10.08.2014)