ПЕ803З/18: Педагошка комуникација

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ПедагогијаVIII3+15

Наставник: д–р Елизабета Томевска-Илиевска, д–р Марија Тофовиќ Ќамилова

Цели на предметната програма:

Стекнување знаења и способности за комуникацијата како педагошка категорија. Стекнување основни знаења и вештини за работа во воспитно-образовен контекст за унапредување на комуницирањето и употребата на медиумитe. Развивање комуникациски компетенции. Усвојување техники за ефективна комуникација и развивање вештини за ефективно комуницирање во потесен и поширок контекст (во паралелката, при тимската работа и при соработката со семејствата и со локалната заедница). Развивање на критичкото мислење за медиумските содржини. Оспособување за анализа (евалуирање) на квалитетот на различни модели на комуникација.

Содржина на предметната програма:

Терминолошко определување на комуникацијата; микро и макро комуникации; одредување на целта на комуникацијата; комуникацијата како основа на наставната работа; вербална и невербална комуникација; стратегии за развивање на ефективна комуникација во паралелката и тимовите; сатретегии за развивање на вештините за активно слушање и говорење; разрешување на конфликти и надминување на предрасуди и стереотипи при комуницирањето; методи за развивање комуникациски вештини; афирмирање на разговорот и водењето дискусија во педагошки контекст; медиуми и концепт на медиумско образование; дидактичко-методички компетенции за користење на медиуми; анализа и евалуација на квалитетот на комуникацијата во потесен и поширок педагошки контекст.

Литература:

1. Трикиќ, З., Коруга, З., Врњешецвиќ, Ј. и др., Медијација меѓу врсници. Прирачник од областа на образованието за  образовнието за вештини на медијација, ТСМС, GTZ, Federal Ministry for Economic Cooperation and Development 2014

2. Ќупева, Т., Педагошка комуникација, Скопје, 2014

3. Томевска Илиевска, Е., ‘Комплексноста на јазичната вештина слушање’. Парадигми сучаснои педагогикинаукова конференција, Министерство Освити и Науки Украини, 2009

4. Томевска Илиевска, Е., „Ефективно слушање / Effective listening“, Годишен зборник 59, стр. 45-58

5. Алексоски, Ц., Цветановиќ, В., Култура на општење во педагошката и деловната комуникација, Илинден, Штип 2002

6. Муџи, Д., Рејнолдс, Д., Ефективна настава – Докази и практика, 2017

7. Практикување на наученото: Прирачник за професионален развој на учители. ISSA, Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, 2015

8. Тофовиќ Ќамилова, М., Томевска Илиевска, Е., Модул: Слушањето и вреднувањето во читачки контекст (интерен материјал) 2015

9. Velkovski, Z., Tomevska Ilievska, E., ‘Contemporary approaches in the teaching of pupils with special educational needs’, Belgrade: Faculty of Philosophy, 2011