ПЕ706И/18: Евалуација

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ПедагогијаVII2+14

Наставник:  проф. д-р Наташа Ангелоска-Галевска и проф. д-р Елизабета Томевска-Илиевска

Цели на предметната програма:

Стекнати знаења за различните подрачја и видови на евалуација, Способност за идентификација на критериуми и индикатори за евалуација, Знаења и вештини за адекватен избор на истражувачки стратегии, Оспособеност за практична примена на теоретските знаења преку изработка на план за евалуациско истражување, Научно-истражувачка љубопитност, критичност, одговорност и тимска работа.

Содржина на предметната програма:

Поим и предмет на евалуацијата; Фази во процесот на евалуација; Видови евауација (формативна-сумативна, интерна-екстерна, квантитативна-квалитативна); Подрачја на самоевалуација; Планирање на евалуациски истражувања; Улога на евалуаторот; Техники и инструменти за евалуација; Анализа и инетрпретација на податоците; Пишување извештај; Мета-евалуација.

Литература:

1. Ангелоска Галевска, Наташа, Евалуација (скрипта), Филозофски факултет, Скопје, 2017

2. Ангелоска Галевска, Наташа, Техники на педагошките истражувања (скрипта), Филозофски факултет, Скопје, 2017

3. Група автори, Методологија за вреднување на учебниците за основно и средно образование, МОН и Биро за развој на образованието, Скопје, 2005

4. Збирка преведени поглавја, Оценување во наставата, УСАИД и ФИООМ, Скопје, Скопје

4. Попоски Киро, Училишна докимологија:следење, проверување и оценување на учениците, Китано, Скопје 2005

5. Practical Assesment, Research & Evaluation, http://PAREonline.net