ПЕ503З/18: Почетно описменување

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ПедагогијаV3+15

Наставник: д–р Елизабета Томевска Илиевска, д–р Марија Тофовиќ Ќамилова

Цели на предметната програма:

Студентите – идните наставници и педагози да се стекнат со знаења и да развијат вештини за подготовка, реализација и вреднување за ефектите од почетното описменување на учениците.

Содржина на предметната програма:

Дидактичко-педагошки основи на работата со ученици од првиот образовен циклус; дидактичко дизајнирање и презентација на основните програмски содржини на наставата по македонски јазик; основни принципи на воведувањето на учениците во одделни програмски подрачја на наставата по македонски јазик; развивање на микрометодски модели за јазично описменување; алтернативни модели за почетно јазично описменување; интрапрограмско планирање на реализацијата; конвенционални и алтернативни пристапи за почетно јазично описменување; основни принципи на воведување на учениците во музичкото и ликовното подрачје; холистички пристап во почетното описменување во наставните предмети од јазичноуметничкото и природно-научното подрачје; функционално описменување; стратегии за персонализирано учење; изготвување и анализа на педагошки материјали; имплементирање на учењето низ игра во процесот на почетното описменување на учениците; пристапи за континуирано следење и вреднување на способностите на учениците за практично применување на знаењата.

Литература:

1. Томевска Илиевска, Е., Основи на наставната работа во јазичното, Филозофски Факултет, Скопје, 2017

2. Тофовиќ Ќамилова, М., Томевска Илиевска, Е., Развој на јазичните вештини (интерен материјал), 2017

3. Тофовиќ Ќамилова, М., Холистички пристап во развојот, 2017

4. Наставни програми за I, II, III одделение во деветгодишно основно образование, Биро за развој на образованието, Скопје, 2007

5. Таше Стојановски, Митко Чешларовски (ур.), Концепција за деветгодишно основно воспитание и образование, Биро за развој на образованието, Скопје 2007

6. Temple, C., Wallace, J., Language Arts. Learning Processes and Teaching Practices, Little, Brown and Company, Boston-Toronto, 2004

7. Томевска Илиевска, Е., Креативни начини за да се објави пишувањето на децата (интерен материјал), 2015

8. Тофовиќ Ќамилова, М., Томевска Илиевска, Е., Почнуваме да читаме – вежби за глобално читање, Скопје, Просветно дело, 2015

9. Тофовиќ Ќамилова, М., Томевска Илиевска, Е., Македонски јазик за прво одделение за деветгодишно основно образование, Скопје, Просветно дело, 2016

10. Тофовиќ Ќамилова, М., Томевска Илиевска, Е., Македонски јазик за второ одделение за деветгодишно основно образование, Скопје, Просветно дело, 2016