ПЕ501З/18: Методологија на педагошки истражувања
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Педагогија | V | 3+2 | 6 |
Наставник: д–р Наташа Ангелоска Галевска, д–р Елизабета Томевска Илиевска
Цели на предметната програма:
Стекнување знаења за методологијата како научна дисциплина, Разбирање на истражувачките парадигми и принципите на истражувачката работа, Способност за користење на различни извори на знаења и критички однос кон истите, Способност за идентификација на истражувачки проблем, Оспособеност за практична примена на теоретските знаења од методологија, преку дизајнирање на проект за истражување, Научно-истражувачка љубопитност, одговорност, самостојност и тимска работа.
Содржина на предметната програма:
Поим и предмет на методологијата на педагогијата; Развојни тенденции во истражувачката работа; Теоретско-епистемолошки проблеми; Видови педагошки истражувања; Етапи на научното истражување; Критериуми за избор на проблем за истражување; Изготвување на библиографии; Етика во истражувачката работа; Проектирање на истражување; Видови хипотези; Популација и примерок; Анализа и интерпретација на резултати; Извештај за истражување.
Литература:
1. Ангелоска Галевска, Наташа, Методологија на педагошките истражувања, Филозофски факултет, Скопје, 2017
2. Ангелоска Галевска, Наташа, Квалитативни истражувања во воспитанието и образованието, Киро Дандаро, Битола, 1997
3. Лоренс Њумен, В., Општествени истражувачки методи, квантитативни и квалитативни пристапи, Скопје: Просветно дело, 2009