СР2043/18: Академско говорење и пишување

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Социјална работа и социјална политикаII3+26

Наставник: д–р Наташа Ангелоска-Галевска, д–р Елизабета Томевска Илиевска

Цели на предметната програма:

Вештини за подготовка и усна презентација на текстови. Вештини за структуирање на академски текст од различен вид: есеј, семинарска работа, приказ, статија, извештај. Познавања и вештини за користење на соодветен јазик и стил во академските текстови. Познавања и вештини за аргументативен дискурс и критичко мислење

Содржина на предметната програма:

Подготовка за академско говорење и пишување. Избор и подготовка на теми за усна презентација. Прецизност во изборот на зборови. Дикција. Истакнување аргументи. Избор на теми за пишување и истражување. Користење веродостојни извори. Алатки за пребарување. Структура и задолжителни делови на академски текстови од различен вид: наслов, содржина, вовед, главен дел, заклучок, литаратура, резиме, клучни зборови. Пасусите како дел од текстот, должина, поврзаност. Јазични и стилски карактеристики на академските текстови: искази без говорен субјекти говорен субјект во прво лице множина, избегнување на скратени форми и неформален стил. Стилови на цитирање и парафразирање (АПА, Харвард, Оксфорд). Видови цитати. Карактеристики на цитатот: референтност, точност, одбележаност, функционалност, инкорпорираност. Пишување есеи, прикази и извештаи. Анализа, проверка и критички став кон текстот.

Литература:

1. Панзова, В., Науката како занает, Филозофски факултет, Скопје, 2003

2. Kundačina M., Banđur V., Akademsko pisanje, Učiteljski fakultet, Užice, 2007

3. Bailey S., Academic Writing A Handbook for International Students, London: Routledge, 2006

4. Avery, H., Thinking it Through: A Practical Guide to Academic Essay Writing, Trent University, Academic Skills Centre, 2011

5. Oraić-Tolić, D., Akademsko pismo: Strategije i tehnike klasične retorike za suvremene studentice i studente, Zagreb: Ljevak, 2011