СР103З/18: Социјална заштита

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
Социјална работа и социјална политикаI4+26

Наставник: д–р Сунчица Димитријоска, д–р Наташа Богоевска

Цели на предметната програма:

Да се добијат продлабочени знаења за теоретските и практичнитеаспектинеопходни за разбирање и спроведување на социјалнатата заштита. Да се стекнат вештини за анализа, толкување и примена на тврдата и меката легислатива од областа на социјалната заштита, како и вештини за дискутирање и примена на современите пристапи во заштита на корисниците на правата и услугите во системот на социјална заштита.

Содржина на предметната програма:

Теоретски и идеолошки перспективи во социјална заштита. Глобални и локални предизвици на системите на социјална заштита. Фази во развојот на социјална заштита. Систем на социјална заштита на Република Македонија. Цели и подрачја на социјалната заштита. Материјална основа на социјална заштита. Принципи во социјална заштита. Ризични групи – корисницина национални програми и бенифиции во рамки на програмите за: социјална заштита, домување, вработување, образование, здравствена заштита и пензиско и инвалидско осигурување. Социјална заштита на лица во ризик: стари, неспособни за 39 стопанисување, попречени во развој, еднородителски семејства, невработени, сиромашни и социјално исклучени. Политики и насоки за социјално вклучување на лицата кои живеат во сиромаштија. Правно регулирање на системот на социјална заштита во Република Македонија. Услуги и мерки во системот на социјална заштита (социјална превенција, вонинституционална и институционална заштита, права на парична помош од социјална заштита). Актери во системот на социјална заштита. Постапка за остварување на правата од социјална заштита. Видови на надзор во социјалната заштита.

Литература:

1. Миџли, Џ., Социјална заштита во глобален контекст, Арс Ламина, 2012

2. Богоевска, Н. и др. Прирачник за развој на социјалните услуги за ранливите групи во локалната заедница, МТСП, 2013

3. Amicis G., Системот на социјална заштита на Р. Македонија, МТСП, 2004

4. Димитријоска С., Национални програми и бенефиции во рамките на системот на социјална заштита во Република Македонија, ГИЗ, 2013

5. Закон за социјална заштита (Сл. весник на РМ бр. 79/09, 36/11,51/11,166/12, 15/13, 79/13,148/13,164/13, 187/13, 38/14, 44/14, 116/14, 180/14, 150/15, 192/15, 33/15, 72/15, 104/15, 173/15, 30/16), www.mtsp.gov.mk