АС705И: Комуникација и медиуми

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
АндрагогијаVII2+16

Наставник: д–р Марија Тофовиќ-Ќамилова, д–р Елизабета Томевска-Илиевска

Цели на предметната програма:

Стекнување основни знаења и вештини за работа во воспитно-образовен контекст за унапредување на комуницирањето и употребата на медиумите во образованието на возрасните. Стекнување знаења и способности за комуникацијата како педагошка категорија. Развивање комуникациски компетенции. Усвојување техники за ефективна комуникација и развивање вештини за ефективно комуницирање во потесен и поширок андрагошки контекст. Стекнување знаења и способности за медиумите и концептот на медиумско образование. Развивање медиумски компетенции. Развивање на критичкото мислење за медиумските содржини. Оспособување за анализа (евалуирање) на квалитетот на различни модели на комуникација.

Содржина на предметната програма:

Како теоријата ја обликува комуникацијата во андрагошки контекст? Појмовно определување на микро и макро комуникации; Комуникацијата како основа на наставната работа; Вербална и невербална комуникација; Медиумска комуникација; Симболичка комуникација; Стратегии за развивање на ефективна комуникација во групи и тимови; Статретегии за развивање на вештините за активно слушање и говорење; Разрешување на конфликти и надминување на предрасуди и стереотипи при комуницирањето; Компетенции за ефективна комуникација; Методи за развивање комуникациски вештини; Афирмирање на разговорот и водењето дискусија во андарагошки контекст; Медиуми и концепт на медиумско образование; Дидактичко-методички компетенции за користење на медиуми. Медиумско-образовна анимација. Амбивалентен карактер на медиумите. Публика, масовна публика и публика којашто се образува. Методички барања и работа во online опкружување. Форми на трансмисија на знаењата и интеракција во обуките со електронска поддршка. Online образовни вештини. Анализа и евалуација на квалитетот на комуникацијата во групата.

Литература:

1. Ќупева, Т., Педагошка комуникација, Скопје, 2014

2. Brookfield, S., Preskill, S., Дискусијата како метод во наставата, Скопје: Арс Ламина, 2013

3. Томевска-Илиевска, Е., Ефективно слушање, Скопје: Филозофски факултет, 2006

4. Gone, Ž., Obrazovanje i mediji, Beograd: Clio, 1998

5. Zgrabljić Rotar, N., Suvremeni concept medijske pismenosti kao dio komunikacijskih znanosti, Zagreb: Hrvatski studiji, 2007, 72-85

6. Reardon, K., Interpersonalna komunikacija, Zagreb: Alinea, 2014

7. Tabs, S., Komunikacija – principi i kontekst, Beograd: Clio, 2013

8. Poter, Dž., Medijska pismenost, Beograd: Clio, 2011

9. Kаčаvendа-Rаdić, N., Nikolić-Mаksić, T., Ljujić, B., Аlternаtivni pristupi obrаzovаnju odrаslih: učenje bаzirаno nа rаčunаrskoj igri, Beograd: Inovаcije u nаstаvi, 2011

10. Rаdojković, M., Miletić, M., Komunicirаnje, mediji i društvo, Novi Sаd: Stilos, 2005