ПЕ106И/18: Академско говорење и пишување
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Педагогија | I | 3+2 | 6 |
Наставник: д–р Наташа Ангелоска-Галевска, д–р Елизабета Томевска Илиевска
Цели на предметната програма:
Вештини за подготовка и усна презентација на текстови. Вештини за структуирање на академски текст од различен вид: есеј, семинарска работа, приказ, статија, извештај. Познавања и вештини за користење на соодветен јазик и стил во академските текстови. Познавања и вештини за аргументативен дискурс и критичко мислење.
Содржина на предметната програма:
Подготовка за академско говорење и пишување. Избор и подготовка на теми за усна презентација. Прецизност во изборот на зборови. Дикција. Истакнување аргументи. Избор на теми за пишување и истражување. Користење веродостојни извори. Алатки за пребарување. Структура и задолжителни делови на академски текстови од различен вид: наслов, содржина, вовед, главен дел, заклучок, литeратура, резиме, клучни зборови. Пасусите како дел од текстот, должина, поврзаност. Јазични и стилски карактеристики на академските текстови: искази без говорен субјект и говорен субјект во прво лице множина, избегнување на скратени форми и неформален стил. Стилови на цитирање и парафразирање (АПА, Харвард, Оксфорд). Видови цитати. Карактеристики на цитатот: референтност, точност, одбележаност, функционалност, инкорпорираност. Пишување есеи, прикази и извештаи. Анализа, проверка и критички став кон текстот.
Литература:
1. Ангелоска Галевска, Наташа, Академско говорење и пишување (скрипта), Филозофски факултет, Скопје, 2017
2. Bailey S., Academic Writing, A Handbook for International Students, Routledge 2006
3. Панзова, Виолета, Науката како занает, Филозофски факултет, Скопје, 2003
4. Kundačina M., Banđur V., Akademsko pisanje, Učiteljski fakultet, Užice, 2007