%d1%83%d0%bf%d0%b8%d1%81%d0%b8-2022-23

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИТЕ НА КОНКУРСОТ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА СТУДЕНТИ ВО ПРВИОТ УПИСЕН РОК ЗА УЧЕБНАТА 2022/2023

ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ – СКОПЈЕ

I. ВАЖНО: Кандидатите задолжително треба да ја пополнат електронската апликација на следниот линк:

www.upisi.ukim.mk

  • Електронското пријавување и електронското поднесување/испраќање на документите ќе се врши најдоцна до 31.8.2022 година до 15 часот.
  • Потребните документи скенирани се прикачуваат кон својата пријава во iKnow системот (www.upisi.ukim.mk), како и на електронската адреса: upisi-fzf@ukim.edu.mk

II. Потребни документи

Бројот кој што кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.

Пријавувањето на кандидатите се врши електронски.

Во предмет (Subject) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат бројот што автоматски им го генерирал системот за електронско пријавување.

Во прилог на приjавата, треба да се прикачат (во Attach File) скенирани следниве документи:

  1. пријава за запишување (образец А1)
  2. електронска пријава (од iKnow-системот)
  3. оригинални свидетелства од сите класови
  4. документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
  5. извод од матичната книга на родените (оригинал без разлика на датумот на издавање)
  6. доказ за државјанство на РСМ – уверение или решение (оригинал без разлика на датумот на издавање)
  7. потврда за уплатa и тоа:

– за административната такса во износ од 50,00 денари (Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка Скопје; Банка на примачот: НБРСМ; Трансакциска сметка 100-0000000-630-95; Уплатна сметка 840-ХХХ03161; Конто 722313 00)

 за уплатени 300,оо денари (на жиро-сметка на факултетот: Назив на примачот: Буџет на РМ-Филозофски факултет, Банка на примачот: НБ на РМ, Сметка: 100000000063095, Сметка на буџетски корисник: 160010422778818, Приходна шифра: 723013,програма: 41, на уплатница ПП 50);

8. Изјава за неподигање на документите (од iKnow-системот)

9. Изјава за национална припадност (од iKnow-системот)

10. Изјава за согласност за лични податоци (од iKnow-системот)

11. Изјава за веродостојност и точност на поднесените скенирани документи (од iKnow-системот) 

12. Изјава за неконкурирање на друг универзитет (од iKnow-системот) 

III. Кандидатите кои конкурираат за вонредно студирање ги поднесуваат, покрај документите од точка II. и следните документи:

  1. образец М1/М2 нотарски заверен, или
  2. лекарско уверение издадено од Студентската поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје

IV. Кандидатите кои конкурират за упис без партиципација, покрај документите од точка II., а во зависност од категоријата на која и припаѓаат треба да достават и:

  1. Соодветна документација за:

– припадници на безбедносните сили, деца на загинат или починат ПБС и деца на воен инвалид од I до VII група (види конкурс)

  • Соодветна документација за:

– лица без родители до 26-годишна возраст, доколку се невработени (потврда од Агенцијата за вработување);

– лица од прв и втор степен на инвалидност; воени инвалиди, и

– лица растени во домови за напуштени деца до 26-годишна возраст, доколку се невработени (потврда од Агенцијата за вработување).

Напомена: Задолжително е кандидатите да направат преписи од сведителствата и дипломата за завршено средно образование заверени кај нотар за свои потреби

КОНКУРСНА КОМИСИЈА НА ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ

Leave a Reply