%d1%83%d0%bf%d0%b0%d1%82%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%be-%d0%b7%d0%b0-%d0%bc%d1%81-%d1%82%d0%b8%d0%bc%d1%81

Упатство за МС ТИМС


1. Пријавувањето за оние кои немаат пристап во сервисите на УКИМ се врши на страницата https://servisi.ukim.mk/. Начинот детално ви е објаснет во видео прилогот  https://www.youtube.com/watch?v=AAL23pVUiT4  (Upatstvo za najava na e-servisite na UKIM), за дознавање на корисничко име/студентска e-mail адреса и промена на лозинка.

2. Инсталирајте ја платформата преку https://products.office.com/en-ww/microsoft-teams/download-app#desktopAppDownloadregion

3. Отворени се сите сметки на студентите на Филозофскиот факултет. Сите се со име ime.prezime@students.fzf.ukim.mk.

4. Во прилог ви доставуваме и Корисничко упатство за користење на Microsoft Teams.

Употреба:

  1. Креирајте тим за секој предмет/паралелка посебно. Во еден тим ќе учествува и професорот што ги спроведува предавањата и професорот/асистентот што ги спроведува вежбите
  2. Доколку двајца професори се ангажирани за еден предмет- еден од нив го креира тимот, а другиот се додава
  3. Штом го креирате тимот, изгенерирајте код од тимот [https://youtu.be/v2DorZg9m20?t=1227] и пратете им го на маилот на судентите што го слушаат тој предмет (преку Iknow). Од тука натаму, студентите го користат кодот и самите ќе се приклучат на тимот, a целата понатамошна комуникација се префрла на Teams.
  4. Доколку сакате да користите интерактивна табла за пишување, треба да се инсталира алатката Whiteboard преку Microsoft Store, која се интегрира во Teams
  5. Доколку имате проблеми со инсталирање на desktop  апликацијата Teams, користете ја web верзијата
  6. Во текот на Online предавањето замолете ги сите кои не зборуваат во моментот да бидат на Mute. Можете и сите да ги исклучите, но во тој случај нема да можат самите да се вклучат.
  7. За споделување на презентацијата користете го копчето Share (до микрофонот), и одберете презентација од левата листа на неодамнешни презентации, или пак пребарајте преку линкот Browse. Можете да споделите и активен прозорец од PowerPoint, но таквиот начин е непрактичен, бидејќи не го гледате делот за пораки.