
Се известуваат студентите запишани во I (прва) година во учебната 2022/2023 година дека учебната година ќе започне на 3 Октомври 2022 година (понеделник) со официјален прием во 10:00 часот во Аулата на Филозофскиот факултет.
Агенда за приемот:
10:00 – Поздравен говор, проф. д-р Ратко Дуев, Декан на Филозофскиот Факултет (Аула, Филозофскиот факултет)
10:10 – Свечено доделување на стипендиите од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје на првите десет рангирани студенти на Филозофскиот факултет на Конкурсот за упис на студенти за учебната 2022/2023 година (Аула, Филозофскиот факултет)
10:20 – Доделување на членски карти за Националната и Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје (Аула, Филозофскиот факултет)
10:30 – Прием на студентите по Институти (согласно приложениот распоред за прием на студенти по Институти и предавални)
14:00 – Изложба и излагање на Ростислав Прокопјук (Сала за седници, прв спрат)