%d1%81%d0%be%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d0%b5-%d0%b7%d0%b0-%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b4%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%ba%d0%be%d0%b8-%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b4%d0%b8%d1%80%d0%b0

СООПШТЕНИЕ за студентите кои студираат на втор циклус
студии за запишување на зимски семестар во
учебната 2023/2024 година

Запишувањето на зимскиот семестар во учебната 2023/2024 година ќе се реализира во
периодот од од 20.09.2023 до 28.09.2023 година од 08:30 до 14:30 часот (пауза од
10:00 до 10:30 часот).
I. Студентите кои за прв пат се запишани на втор циклус студии на
едногодишна студиска програма (60 кредити/ два семестри) во учебната
2022/2023 година и кои ги немаат положено сите испити по предметите
запишани во првиот (зимски) семестар во учебната 2022/2023 година
заклучно со есенската испитна сесија потребно е да извршат презапишување на
неположените предмети во зимскиот семестар во учебната
2023/2024 година. При презапишувањето потребно е да се достават следниве
документи:

  • индекс;
  • образец за запишување на семестар
  • Уплата за „Активности на Факултетско студентско собрание (по семестар)“ на општа
    уплатница ПП50 со следниве податоци: од страната на примач – назив на примач:
    Буџет на РМ – Филозофски факултет Скопје; банка на примачот: Народна банка на
    РМ; сметка на примачот: 100000000063095; сметка на буџетски корисник:
    1600104227 788 18; приходна шифра: 723019 и програма: 41; повикување на
    број/задолжување: 723019-1118; износ: 100,00 денари.
  • уплата на 16,67 евра во денарска противвредност за секој кредит од неположените
    предмети на жиро-сметка на Филозофскиот факултет.
     Студентите запишани на втор циклус студии на двегодишна студиска
    програма (120 кредити/ четири семестри) запишуваат нареден семестар
    по следниот редослед:
  • трет семестар: студентот прво ги запишува заостанатите неположени предмети од I
    (првиот, зимски) семестар, потоа ги запишува задолжителните предмети од
    тековниот семестар и на крајот изборните предмети од тековниот (III, трет)
    семестар. Збирот на бројот на кредитите од запишаните предмети во
    семестарот не смее да изнесува повеќе од 35.
  • Студентот запишува и наредни семестри доколку по завршувањето на четвртиот
    семестар и полагање на испитите од предметите во предвидените испитни сесии
    има заостанати/неположени предмети.
    II. Студентите запишани на втор циклус студии на едногодишна студиска
    програма (60 кредити/ два семестри) во учебната 2022/2023 кои ги имаат
    положено сите испити по предметите запишани во првиот (зимски) семестар
    во учебната 2022/2023 година заклучно со есенската испитна сесија потребно
    е да извршат администартивно запишување на зимскиот семестар во учебната
    2023/2024 година со уплата од 500,00 денари на жиро-сметката на
    Филозофски факултет.

При запишувањето потребно е да се достават следниве документи:

  • индекс;
  • образец за запишување на семестар
  • Уплата за „Активности на Факултетско студентско собрание (по семестар)“ на општа
    уплатница ПП50 со следниве податоци:
  • од страната на примач – назив на примач: Буџет на РМ – Филозофски факултет
    Скопје; банка на примачот: Народна банка на РМ; сметка на примачот:
    100000000063095; сметка на буџетски корисник: 1600104227 788 18; приходна
    шифра: 723019 и програма: 41; повикување на број/задолжување: 723019-1118;
    износ: 100,00 денари.
  • уплата на 16,67 евра во денарска противвредност за секој кредит од запишаните
    предмети на жиро-сметка на Филозофскиот факултет.
    Уплатите на сметката на Филозофскиот факултет се вршат на општа уплатница ПП 50 со
    следниве податоци:
          – од страната на примач – назив на примач: Буџет на РМ – Филозофски факултет
    Скопје; банка на примачот: Народна банка на РМ; сметка на примачот:
    100000000063095; сметка на буџетски корисник: 1600104227 788 18; приходна шифра:
    723019 и програма:41;
          – од страната на налогодавач задолжително во повикување на број – задолжување да се
    внесе бројот на студиската програма и тоа за:
    o Филозофија 723019-01
    o Педагогија             723019-02
    o Историја и архивистика 723019-03
    o Историја на уметноста и археологија 723019-04
    o Безбедност             723019-05
    o Психологија 723019-06
    o Социологија             723019-07
    o Стратегиски и одбранбени студии 723019-08
    o Социјална работа и социјална политика 723019-09
    o Мир и развој             723019-11
    o Класична филологија 723019-12
    o Специјална едукација и рехабилитација             723019-13
    o Европски студии за интеграција 723019-14
    o Менаџмент во образованието             723019-912
    o Менаџмент на човечки ресурси             723019-933
    o Меѓународни односи – разрешување на конфликти 723019-938
    o Интеркултурни студии             723019-947
    o Специјалистички студии на соц.работа во здравство 723019-911
    o Социјален менаџмент                                                 723019-951
    o Инклузивно образование од областа на специјална едукација и
    рехабилитација                      723019-952
    o Малолетничка деликвенција 723019-953
    o Родови студии 723019-1070
    o Корпоративна безбедност и безбедносен менаџмент 723019-1090
    o Интеррелигиски студии 723019-1091
     Во цел на дознака задолжително се внесува името на студиската програма и цел на уплата.

Деканат на Филозофски факултет