
СООПШТЕНИЕ
ЗА СТУДЕНТИТЕ ОД ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ
- I. ЗАВЕРУВАЊЕ НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР И ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ ЗА ЗИМСКИОТ ИСПИТЕН РОК
Заверување на зимскиот семестар и пријавувањето на испитите за зимскиот испитен рок за студентите запишани на втор циклус студии ќе се реализира во периодот од 10.I 2022 до 14.I.2022 година, со следниве документи:
- Индекс,
- Уплата на рата од 15.000,00 денари на сметката на Филозофскиот факултет,
- Лист за заверување на семестар,
- Пријава за испит со oпшта уплатница (ПП-50) од 2.000,00 денари за секој испит поединечно.
- II. ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ ВО ЗИМСКИОТ ИСПИТЕН РОК
– I (прва) декада од 17.I 2022 до 27.I 2022 година
– II (втора) декада од 28.I 2022 до 7.II 2022 година
Студентите имаат право да полагаат само во еден термин по свој избор.
Пред да ги достави обрасците за пријавување на испитите студентот е должен истите да ги пријави во апликацијата iknow.
Уплатите на сметката на Филозофскиот факултет се вршат на општа уплатница ПП 50 со следниве податоци:
– од страната на примач – назив на примач: Буџет на РМ – Филозофски факултет Скопје; банка на примачот: Народна банка на РМ; сметка на примачот: 100000000063095; сметка на буџетски корисник: 1600104227 788 18; приходна шифра: 723019 и програма:41;
– од страната на налогодавач задолжително во повикување на број – задолжување да се внесе бројот на студиската програма и тоа за:
- Филозофија 723019-01
- Педагогија 723019-02
- Историја и архивистика 723019-03
- Историја на уметност а и археологија 723019-04
- Безбедност 723019-05
- Психологија 723019-06
- Социологија 723019-07
- Стратегиски и одбранбени студии 723019-08
- Социјална работа и социјална политика 723019-09
- Мир и развој 723019-11
- Класична филологија 723019-12
- Специјална едукација и рехабилитација 723019-13
- Европски студии за интеграција 723019-14
- Менаџмент во образованието 723019-912
- Менаџмент на човечки ресурси 723019-933
- Меѓународни односи – разрешување на конфликти 723019-938
- Интеркултурни студии 723019-947
- Специјалистички студии на сoц.работа во здравство 723019-911
- Социјален менаџмент 723019-951
- Инклузивно образование од областа на едукација и рехабилитација 723019-952
- Малолетничка деликвенција 723019-953
- Родови студии 723019-1070
- Корпоративна безбедност и безбедносен менаџмент 723019-1090
- Интеррелигиски студи 723019-1091
Во цел на дознака задолжително се внесува името на студиската програма и цел на уплата.