
Announcement// Роковите за извршување на активностите
во рамките на летниот семестар во учебната 2022/2023
година за студентите запишани на трет циклус-докторски
студии
Врз основа на Академскиот календар на Школата за докторски студии за 2022/2023 година, Ви ги доставуваме роковите за извршување на активностите во рамките на летен семестар во учебната 2022/2023 година.
- Крајниот рок за доставување на пријавата за докторскиот семинар во
третиот (доколку кандидатите имаат пријавено тема за изработка на
докторска дисертација) или петтиот семестар и пишаниот труд е најдоцна
до 20 април 2023 година (четврток). Пријавата и два примероци од
трудот за докторскиот семинар се доставуваат во Канцеларијата за втор и
трет циклус студии од страна на студентите.
Менторите целокупната документација (пријавата, трудот, потпишаната рецензија од сите членови на комисијата и потпишан записник од сите членови на комисијата за валоризација на кредитите) ја доставуваат во канцеларијата за втор и трет циклус студии најдоцна до 18 мај 2023 година (четврток). Пријавата која ја поднесуваат студентите и записникот кој треба да го потпишат членовите на комисијата Ви го доставуваме во прилог. Во индексот на студентот раководителот (согласно новото Упатство за единствена материјална евиденција) ги потпишува и ги потврдува активностите од реализираниот докторски семинар.
2. Активностите поврзани со работилницата за истражувачка практика во четвртиот и шестиот семестар ќе се организираат на ниво на студиска програма. Студентот е потребно да достави пријава за работилница и пишан труд во канцеларијата за втор и трет циклус студии
најдоцна до 12 мај 2023 година (петок).
Раководителот на студиската програма на трет циклус студии – докторски студии има обврска да ја организира работилницата. Записникот од валоризација на кредитите за одржана работилница (даден во прилог) го потпишуваат менторот и раководителот. Во индексот на студентот менторот ги потпишува и ги потврдува активностите од реализираната работилница. Раководителите целокупната документација (пријавата, пишаниот труд и потпишан записник за валоризација на
кредитите) ја доставуваат во канцеларијата за втор и трет циклус студии најдоцна до 2 јуни 2023 година (петок).
3. Рокот за пријавување на докторскиот семинар и годишната конференција од вториот семестар, како и годишната конференција од четвртиот и шестиот семестар кои ги организира Школата за докторски студии е до 7 април 2023 година. Сите пријави пристигнати после дадениот рок нема да бидат земени во предвид.
– годишните конференциии со јавна презентација за докторанди во II, IV и VI семестар предвидено е да се реализираат во периодот од 18 април до 5 мај 2023 година.
(Напоменуваме дека овие рокови можат да претрпат измена за која благовремено
ќе бидете известени).