%d1%81%d0%be%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d0%b5-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%b2%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%b8%d1%81%d0%bf%d0%b8%d1%82%d0%b8-%d0%b2

СООПШТЕНИЕ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ ВО ЗИМСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА 2022 ГОДИНА ЗА СТУДЕНТИТЕ ЗАПИШАНИ НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ

Почитувани студенти,

Ве информираме дека пријавувањето на испитите за зимската испитна сесија  се врши во период од 1.12.2021 до 16.1.2022 година.

Пријавувањето на испитите е по  електронски и писмен пат. Електронското пријавување на испитот е  преку системот за електронско водење на студентот:

Iknow:Iknow.ukim.edu.mk.

По писмен пат испитот се пријавува со пријавен лист во материјална форма која студентот ја доставува до предметниот наставник.

 Се препорачува студентот да  ги пријави сите испити.

Студентот  електронски ги пријавува и испитите положени преку колоквиуми.

Наставникот ги внесува конечните оценки во системот (вклучително и оценката 5) во системот за електронското водење на студентот (Iknow:Iknow.ukim.edu.mk), во рок од 5 работни дена од конечноста на оценката.

ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ ВО ЗИМСКИОТ ИСПИТЕН РОК

  • Испитите во првиот испитен рок ќе се полагаат во периодот од 17.1. до 29.1.2022 година
  • Испитите во вториот испитен рок ќе се полагаат во периодот од  од 31.1. до 9.2.2022 година

Пријавувањето на условувачките предмети ќе се врши во Одделението за студентски прашања по положувањето на предусловот кој ќе се полага во првата декада.

Распоредот за полагање на испити во зимската испитна сесија се објавува на веб страната на Филозофскиот факултет и на огласните табли пред библиотеките.

ВАЖНО: Полагањето на испити ќе може да се спроведе по електронски пат или со физичко присуство во координација меѓу наставниците и студентите, а во согласност со мерките за заштита од коронавирусот COVID 19.

Координаторите на студиските програми ќе ве информираат за начинот на реализација и термините  за испитите.

1.12.2021 година                                                                               

Скопје                                                    Деканат на Филозофски факултет