
СООПШТЕНИЕ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ ВО ЗИМСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА 2023 ГОДИНА ЗА СТУДЕНТИТЕ ЗАПИШАНИ НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ
Почитувани студенти,
Ве информираме дека пријавувањето на испитите за зимската испитна сесија се врши во период од 1.12.2022 до 15.1.2023 година.
Електронското пријавување на испитот е преку системот за електронско водење на студентот:
Iknow:Iknow.ukim.edu.mk.
По писмен пат испитот се пријавува со пријавен лист во материјална форма која студентот ја доставува до предметниот наставник.
Се препорачува студентот да ги пријави сите испити.
Студентот електронски ги пријавува и испитите положени преку колоквиуми.
Наставникот ги внесува конечните оценки во системот (вклучително и оценката 5) во системот за електронското водење на студентот (Iknow:Iknow.ukim.edu.mk), во рок од 5 работни дена од конечноста на оценката.
ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ ВО ЗИМСКИОТ ИСПИТЕН РОК
- Испитите во првиот испитен рок ќе се полагаат во периодот од 16.1. до 27.1.2023 година
- Испитите во вториот испитен рок ќе се полагаат во периодот од од 28.1. до 8.2.2023 година
Пријавувањето на условувачките предмети ќе се врши во Одделението за студентски прашања по положувањето на предусловот кој ќе се полага во првата декада.
Распоредот за полагање на испити во зимската испитна сесија се објавува на веб страната на Филозофскиот факултет и на огласните табли пред библиотеките.
1.12.2022 година
Скопје Деканат на Филозофски факултет