
Соопштение за пријавување на зимската испитна сесија 2021 година
Почитувани студенти,
Ве информираме дека пријавувањето на испитите за зимската сесија се врши во период од 1.12.2020 до 17.1.2021 година.
Испитите задолжително се пријавуваат по електронски пат.
Се препорачува студентот да ги пријави сите испити.
Студентот електронски ги пријавува и испитите положени преку колоквиуми за да може наставникот да ја внесе оценката во неговото електронско досие.
ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ ВО ЗИМСКИОТ ИСПИТЕН РОК
- Испитите во првиот испитен рок ќе се полагаат во периодот од 18.1. до 25.1.2021 година
- Испитите во вториот испитен рок ќе се полагаат во периодот од од 26.1. до 2.2.2021 година
Пријавувањето на условувачките предмети ќе се врши во Одделението за студентски прашања по положувањето на предусловот кој ќе се полага во првата декада.
Распоредот за полагање на испити во зимската сесија се објавува на веб страната на Филозофскиот факултет и на огласните табли пред библиотеките.
ВАЖНО: Полагањето на испити ќе може да се спроведе по електронски пат или со физичко присуство во координација меѓу наставниците и студентите, а во согласност со мерките за заштита од коронавирусот COVID 19.
Координаторите на студиските програми ќе ве информираат за начинот на реализација и термините за испитите.