
СООПШТЕНИЕ
На Филозофскиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ќе бидат бранети следниве докторски дисертации:
1. На 11 јуни 2021 година (петок), со почеток во 10:00 часот со примена на средствата за електронска комуникација, кандидатот м-р Санде Смиљанов ќе брани докторска дисертација со наслов:
„Улогата на протоколот и одбранбената дипломатија во остварувањето на безбедноста на Република Македонија“
2. На 15.6.2021 година (вторник), со почеток во 11.00 часот во Сала за седници на Филозофски факултет, кандидатот м-р Љупчо Цветковски ќе брани докторска дисертација, со наслов:
„Социолошка анализа на противречноста изразена преку слободната волја и оправданието кај христијаните“
3.На 30 јуни 2021 година (среда), со почеток во 13.00 часот во Сала за седници на Филозофски факултет, кандидатот м-р Орданче Петров ќе брани докторска дисертација, со наслов:
„ Градот – тврдина Просек и неговиот ареал во средниот век “
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје
Филозофски факултет“