%d1%81%d0%be%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d0%b5-%d0%b7%d0%b0-%d0%b8%d0%bd%d1%82%d0%b5%d1%80%d0%b5%d0%bd-%d0%be%d0%b3%d0%bb%d0%b0%d1%81-%d0%b7%d0%b0-%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b4%d0%b5%d0%bd


С О О П Ш Т Е Н И Е

за интерен оглас за студенти на прв циклус студии чие родителско право го врши само еден родител

Во согласност со донесената Одлука за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии чие родителско право го врши само еден родител и критериумите за остварување на ова право за учебната 2021/2022 година Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ објави Интерен конкурс за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2021/2022 година.

Право на учество на огласот има секој студент кој запишал зимски семестар на прв циклус студии во учебната 2021/2022, а кој има само еден родител со родителско право, односно има:

  • Само еден родител запишан во изводот од матичната книга на родени
  • Починат родител
  • Родител кој го загубил родителското право

Сите студенти кои го исполнуваат правото на учество на Огласот, потребните документи да ги испратат на interenoglas@fzf.ukim.edu.mk, најдоцна до 6.10.2021 година до 16 часот.

Дополнителни информации и потребни документи можете да најдете на следниов линк:

http://fzf.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2021/09/oglas-za-ednoroditelski-1.pdf

Интерен конкурс за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2021/2022 година

Изјава за лични податоци

Изјава за број на членови во семејството

22.IX 2021 година                                                                    

  ОД ДЕКАНАТОТ

  НА ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ,      

 СКОПЈЕ