%d1%81%d0%be%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d0%b5-%d0%b7%d0%b0-%d0%b7%d0%b0%d0%bf%d0%b8%d1%88%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b4%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b8

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ

ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ – Скопје

СООПШТЕНИЕ

за запишување на студенти на прв циклус студии во ЗИМСКИ семестар во учебната 2021/22 година

Студентите (редовни и вонредни) на Филозофскиот факултет треба да го запишат зимскиот семестар во учебната 2021/2022 година по следниот распоред:

Трет семестар       17 и 20 септември 2021 г.

Петти семестар  21 и 22 септември 2021 г.

Седми семестар   23 и 24  септември 2021 г.

Девети…семестар 28,29 и 30 септември 2021 г.

Документи кои треба да се приложат при уписот:

  1. Индекс;
  • Формулар за упис на семестар  со статистички лист ШВ-20 (формуларот го  има во Студентскиот сервис на Филозофски факултет);
  • Уплатница од I-ва (прва) рата во денарска противредност по среден курс на Народна банка на жиро сметка на Филозофскиот факултет: Назив на примачот: Буџет на РСМ-Филозофски факултет, Банка на примачот: НБ на РСМ, Сметка: 100000000063095, Сметка на буџетски корисник: 160010422778818, Приходна шифра: 723012,програма:41 (на уплатница ПП 50);
  • Потврда за уплатени 750,00 денари – за информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје ,со назнака за ИКСА на УКИМ Филозофски факултет, на жиро сметка 160010368978818, депонент: НБРСМ, со трезорска сметка 100000000063095, повикување на број 723013, програма 41  (уплатница ПП 50)
  • Потврда за уплатени 300 ден. за испити од семестар на жиро-сметка на Филозофски факултет: Назив на примачот: Буџет на РСМ-Филозофски факултет, Банка на примачот: НБ на РСМ, Сметка: 100000000063095,  Сметка на буџетски корисник: 160010422778818, Приходна шифра: 723013,програма:41 (на уплатница ПП 50);
  • Потврда за уплатени 100 ден. за активности на факултетско студентско собрание на жиро сметка на Филозофски факултет, Банка на примачот: НБ на РСМ, сметка : 100000000063095, Сметка на буџетски корисник: 160010422778818, Приходна шифра: 723019, програма: 41 ( уплатница ПП 50) и да се напише кај повикување на број – задолжување: 723019-1118;

Вонредните студенти покрај овие ги приложуваат и следните документи:

М1/М2 (фотокопија  заверена на нотар) или лекарско уверение од Универзитетската поликлиника (доколку се вонредни од здравствени причини)

Непочитувањето на дадениот распоред повлекува надомест за ненавременo запишување на семестар.

ВАЖНО: Сите студенти електронски треба:

  • да го запишат зимскиот семестар
  • да ги запишат предметите од зимскиот семестар
  •  

Работното време  со студенти во периодот од 17.09 до 30.09.2021 година ќе биде од 8,30 до 14,30 часот. (пауза од 10,00 до 11,00 часот)

ДЕКАНАТ НА ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ