%d1%81%d0%be%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d0%b5-%d0%b7%d0%b0-%d0%b7%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d1%80%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%bb%d0%b5%d1%82%d0%bd%d0%b8%d0%be%d1%82-%d1%81

Соопштение за заверување на летниот семестар во учебната 2021/2022 за студентите кои студираат на прв циклус на студии

Редовните студенти треба да го заверат летниот семестар во Одделението за студентски прашања  во периодот од 1.6.2022 до 15.6.2022 година во согласност со мерките за заштита од коронавирусот COVID 19.

Потребни документи:

  • Индекс со запишани предмети од тековниот семестар;
  • Образец за заверување на семестар
  • Уплатница за уплатена рата од сумата предвидена за нивното студирање

Вонредните студенти не заверуваат семестар тие треба да достават уплатница за платена рата.

ВАЖНО:

  • за испит и обрасците за запишување и заверување на семестар не подлежат на административна такса (чл.92 од Правилникот за условите, критериумите, правилата и постапката за запишување и студирање на прв циклус студии (додипломски студии)  и втор циклус студии (постдипломски студии) на УКИМ

Работното време  со студенти во  периодот од 1.6. до 15.6.2022 година ќе биде од 8,30 до 14,00 часот 

                                     ( пауза од 10,00 до 10,30 часот)

 ДЕКАНАТ НА ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ