%d1%81%d0%be%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d0%b5-%d0%b7%d0%b0-%d0%b7%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d1%80%d0%ba%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%bb%d0%b5%d1%82%d0%b5%d0%bd-%d1%81%d0%b5%d0%bc%d0%b5%d1%81%d1%82

СООПШТЕНИЕ

 за студентите кои студираат на втор циклус студии според ЕКТС

Соопштение за заверување на летен семестар, пријавување и полагање на испити во летниот испитен рок

  1. ЗАВЕРУВАЊЕ НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР И ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ ЗА ЛЕТНИОТ ИСПИТЕН РОК ВО УЧЕБНАТА 2020/2021 ГОДИНА

Заверувањето на летниот семестар и пријавувањето на испитите за летниот испитен рок за студентите запишани на втор циклус студии ќе се реализира во периодот од 31.V 2021 до 4.VI 2021 година, од 8,30 до 14,00 часот со следниве документи:

  • Индекс;
  • Образец за заверување семестар;
  • Уплата на рата од 15.000,00 денари на жиро сметка на Филозофскиот факултет;
  • Пријава за испит со уплата од  2.000,00 денари за секој испит поединечно на жиро сметка на Филозофскиот факултет.
  1. ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ ВО ЛЕТНИОТ ИСПИТЕН РОК 

–  I (прва) декада од 9.VI 2021 до 16.VI 2021 година

– II (втора) декада од 17.VI 2021 до 26.VI 2021 година 

Студентите имаат право да полагаат само во еден термин по свој избор.

Пред да ги достави комплетно пополнетите обрасци за пријавување на испитите, студентот задолжително треба испитите да ги пријави во апликацијата Iknow.

Уплатите на жиро сметка на Филозофскиот факултет се вршат на уплатница ПП-50 со следниве податоци:

      – од страната на примач – назив на примач: Буџет на РМ – Филозофски факултет Скопје; банка на примачот: Народна банка на РМ; сметка на примачот: 100000000063095; сметка на буџетски корисник: 1600104227 788 18; приходна шифра: 723019 и програма:41;

 од страната на налогодавач задолжително во повикување на број

– задолжување да се внесе бројот на студиската програма и тоа за:

  • Филозофија            723019-01
  • Педагогија               723019-02
  • Историја и архивистика             723019-03
  • Историја на уметност а и археологија     723019-04
  • Безбедност               723019-05
  • Психологија             723019-06
  • Социологија             723019-07
  • Стратегиски и одбранбени студии        723019-08
  • Социјална работа и социјална политика    723019-09
  • Мир и развој                         723019-11
  • Класична филологија             723019-12
  • Специјална едукација и рехабилитација               723019-13
  • Европски студии за интеграција             723019-14
  • Менаџмент во образованието                         723019-912
  • Менаџмент на човечки ресурси во општествените дејности            723019-933
  • Меѓународни односи – разрешување на конфликти      723019-938
  • Интеркултурни студии                         723019-947
  • Специјалистички студии на соц.работа во здравство  723019-911
  • Социјален менаџмент                   723019-951
  • Инклузивно образование од областа на специјална едукација и рехабилитација          723019-952
  • Малолетничка деликвенција      723019-953
  • Родови студии                                 723019-1070
  • Интеррелигиски студии              723019-1091

Во цел на дознака задолжително се внесува името на студиската програма и цел на уплата.