%d1%81%d0%be%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d0%b5-%d0%b7%d0%b0-%d0%b7%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d1%80%d0%ba%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%bb%d0%b5%d1%82%d0%b5%d0%bd-%d1%81%d0%b5%d0%bc%d0%b5%d1%81%d1%82

СООПШТЕНИЕ

за заверка на летниот семестар во учебната 2020/2021 за студентите кои студираат на прв циклус на студии 

Редовните студенти треба да го заверат летниот семестар во Одделението за студентски прашања  во периодот од 31.5.2021 до 11.6.2021 година во согласност со мерките за заштита од коронавирусот COVID 19. 

Потребни документи: 

  • Индекс со запишани предмети од тековниот семестар;
  • Формулар за заверка на семестар 
  • Уплатница за уплатена рата од сумата предвидена за нивното студирање

Вонредните студенти не заверуваат семестар тие треба да достават уплатница за платена рата.

ВАЖНО: 

  • Пријавите за испит и обрасците за запишување и заверка на семестар не подлежат на административна такса (чл.92 од Правилникот за условите, критериумите, правилата и постапката за запишување и студирање на прв циклус студии (додипломски студии)  и втор циклус студии (постдипломски студии) на УКИМ

Работното време  со студенти во  периодот од 31.5 до 11.6.2021 година ќе биде од 8,30 до 14,00 часот  

                                     ( пауза од 10,00 до 10,30 часот)

ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ ВО ЛЕТНАТА СЕСИЈА

ВО УЧЕБНАТА 2020/2021 ГОДИНА

Почитувани студенти, 

Ве информираме дека согласно Академскиот календар за активностите на Филозофскиот факултет пријавувањето на испитите за летната сесија  се врши во период од 1.5.2021 до 28.5.2021 година.

Испитите задолжително се  пријавуваат по електронски пат. Студентот пожелно е да ги пријави сите испити.

ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ ВО ЛЕТНАТА СЕСИЈА 

  • Испитите во I (прва) декада ќе се полагаат од 31.5. до 12.6.2021 година 
  • Испитите во II (втора) декада ќе се полагаат од 14.6. до 26.6.2021 година

Пријавувањето на условувачките предмети ќе се врши во Одделението за студентски прашања по положувањето на предусловот кој ќе се полага во првата декада.

Распоредот за полагање на испити во летната сесија се објавува на веб страната на Филозофскиот факултет и на огласните табли пред библиотеките. 

ВАЖНО: Полагањето на испити ќе може да се спроведе по електронски пат или со физичко присуство во координација меѓу наставниците и студентите, а во согласност со мерките за заштита од коронавирусот COVID 19. 

Координаторите на студиските програми ќе ве информираат за начинот на реализација и термините  за испитите.