%d1%81%d0%be%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d0%b5-%d0%b7%d0%b0-%d0%b7%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d1%80%d0%ba%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%b7%d0%b8%d0%bc%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d1%81%d0%b5%d0%bc%d0%b5%d1%81

Соопштение за заверка на зимски семестар од трет циклус на студии

СООПШТЕНИЕ

за студентите кои студираат на трет циклус-докторски студии според ЕКТС

I. ЗАВЕРКА НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР И ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ
ЗА ЗИМСКИОТ ИСПИТЕН РОК ВО УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА
 
            Заверката на зимскиот семестар и пријавувањето на испитите во зимскиот испитен
рок за студентите на трет циклус на студии ќе се реализира во периодот
од 9.1.2023 до 13.1.2023 година со следниве документи:
– Индекс;
– Образец за заверување семестар со уплатница од 50,00 денари за
административна такса;
–  Пријава за испит со уплатница од 50,00 денари за административна такса за
секој испит поединечно;
–  Уплата на преостанат дел од ратата за семестарот
 
 
II. ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ ВО ЗИМСКИОТ ИСПИТЕН РОК ВО УЧЕБНАТА 2022/2023
ГОДИНА
 
            Зимскиот испитен рок е од 16.1.2023 до 3.2.2023 година.
 
 III. ЗАПИШУВАЊЕ НА ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР ВО УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА
           
            Запишувањето на летниот семестар ќе се реализира во периодот од 6.2.2023 до
10.2.2023 година, со следниве документи:
 Индекс;
 Образец за запишување семестар со уплатница од 50,00 денари за
административна такса;
 Уплата за „Активности на Факултетско студентско собрание (по семестар)“ на
општа уплатница ПП50 со следниве податоци:

  • од страната на примач – назив на примач: Буџет на РМ – Филозофски факултет Скопје;
    банка на примачот: Народна банка на РМ; сметка на примачот: 100000000063095; сметка
    на буџетски корисник: 1600104227 788 18; приходна шифра: 723019 и програма: 41;
    повикување на број/задолжување: 723019-1118; износ: 100,00 денари.
     Уплата на рата за запишување на семестарот согласно склучениот договор, на
    сметката на Филозофскиот факултет на општа уплатница ПП 50 со следниве
    податоци:
  • од страната на примач – назив на примач: Буџет на РМ – Филозофски факултет Скопје;
    банка на примачот: Народна банка на РМ; сметка на примачот: 100000000063095; сметка
    на буџетски корисник: 1600104227 788 18; приходна шифра: 723011 и програма: 41;
     
  • од страната на налогодовач задолжително во повикување на број – задолжување да се
    внесе бројот на студиската програма за:
     
    ФИЛОЗОФИЈА 723011-01
     

ПЕДАГОГИЈА 723011-02
 
ИСТОРИЈА 723011-03
 
ИСТОРИЈА НА УМЕТНОСТ И АРХЕОЛОГИЈА 723011-04
 
СОЦИОЛОГИЈА 723011-05
 
ПСИХОЛОГИЈА 723011-06
 
БЕЗБЕДНОСТ, ОДБРАНА И МИР 723011-07
 
СОЦИЈАЛНА РАБОТА, СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА 723011-08
 
КЛАСИЧНА ФИЛОЛОГИЈА 723011-09
 
MEЃУНАРОДНИ ОДНОСИ 723011-10
 
ДЕФЕКТОЛОГИЈА 723011-13
 
Во цел на дознака задолжително се внесува името на студиската програма и цел на
уплата.
 
            Студентот при заверувањето на семестарот, односно најдоцна со запишувањето
на наредниот семестар доколку ги има реализирано активностите од тековниот семестар
поврзани со пријавувањето и изработката на докторската дисертација потребно е да
достави извештај и тоа:
  извештај за истражување и подготовка на тема за докторска дисертација и
валоризација на 14 ЕКТС од II семестар,
  извештај за истражување и подготовка на тема за докторска дисертација и
валоризација на 28 ЕКТС од III семестар 
  извештај за истражување и објавување на резултати и валоризација на 25 ЕКТС
од IV семестар и
  извештај за истражување и објавување на резултати и валоризација на 28 ЕКТС
од V семестар.
 
            Валоризација на кредитите поврзани со пријавување и подготовка на докторската
дисертација ја прави менторот, кој е потребно да се потпише во индексот и на
поднесениот извештај од студентот.
 
 

                                               
 Од Деканатот
на Филозофскиот факултет

 
ANNOUNCEMENT for students studying in third cycle – doctoral studies under the ECTS

Confirmation of the winter semester and registration for exams for the winter exam period for
students enrolled in third cycle – doctoral studies will be from 9.1.2023 until 13.1.2023.
Winter exam session will be held from   16.1.2023 to 3.2.2023.
The enrollment of the summer semester will be held from 6.2.2023 until 10.2.2023.
For any additional questions please contact the Office for second and third cycle of
studies.
д-р Соња Тевдовска
Виш соработник за студентски прашања