%d1%81%d0%be%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d0%b5%d1%82%d0%be-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%b2%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%b8%d1%81%d0%bf%d0%b8%d1%82%d0%b8-%d0%b2

ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ – Скопје

СООПШТЕНИЕ

за студентите на  I (прв) циклус на студии

ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ ВО ЕСЕНСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА

Пријавување на испитите во есенската испитна сесија ќе се врши од 12.7.2021 до 20.8.2021 година.  Студентите испитите задолжително ги  пријавуваат по електронски пат во iknow апликацијата.

Важно: Студентите кои испитите ги положиле преку колоквиуми треба електронски да ги пријават испитите  за да можат професорите да внесат оцена во електронското досие на секој студент.

ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ ВО ЕСЕНСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА

  • I (прва) декада од 20.8. до 31.8.2021 година
  • II (втора) декада од 1.9. до 13.9.2021 година

Пријавувањето на условувачките предмети ќе се врши по положувањето на предусловот кој ќе се полага во првата декада (исто така по електронски пат).

Распоредот за полагање на испити во есенската сесија се објавува на веб страната на Филозофскиот факултет, на огласните табли пред библиотеките.

ВАЖНО: Полагањето на испити ќе може да се спроведе по електронски пат или со физичко присуство во координација меѓу наставниците и студентите, а во согласност со мерките за заштита од коронавирусот COVID 19.

Координаторите на студиските програми ќе ве информираат за начинот на реализација и термините  за испитите.

12.7.2021 год.                                                                                           

                                                                                              Од Деканатот

Leave a Reply