
Соопштението за заверка на зимски семестар и запишување на летен семестар 2023 прв циклус
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАВЕРКА НА ЗИМСКИОТ СЕМЕСТАР во учебна 2022/2023 година
Редовните студенти, кои студираат на прв циклус на студии треба да го заверат зимскиот семестар.
Потребни документи:
Индекс во кој се запишани предметите од зимскиот семестар со добиените потписи од предметните професори со што се потврдува исполнување на предвидените обврски; Образец за заверување семестар уредно пополнет;
Уплатница со платена рата (за студентите кои школарината/партиципација ја плаќаат на рати) Вонредните студенти не аверуваат семестар, тие треба да достават уплатница за платена рата.
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА ЛЕТЕН СЕМЕСТАР во учебната 2022/2023 година
Сите студенти кои студираат на прв циклус на студии треба да го запишат летниот семестар.
Потребни документи:
Индекс во кој ќе бидат запишани предмети од летниот семестар
Образец за запишување семестар уредно пополнет;
Уплатница со уплатена рата од сумата предвидена за нивното студирање; (на приходна шифра 723012)
Уплатница со уплатени 300 денари за испити по семестар (на приходна шифра
723013)
Уплатница со уплатени 100 денари за активности на Факултетско собрание (на приходна шифра 723019)Вонредните студенти задолжително треба да го запишат летниот семестар со горенаведените документи.
Заверката на зимскиот семестар и запишувањето на летниот семестар ќе се одвива по следниот распоред:
Втор семестар 7 и 8.2.2023 г.
Четврти семестар 9 и 10.2.2023 г.
Шести семестар 13, 14, 15 и 16.2.2023 г.
Осми, десети… семестар 17, 20, 21 и 22.2.2023 г.
Непочитувањето на дадениот распоред повлекува надомест за ненавремена
заверка и запишување на семестар.
ВАЖНО:
Студентите во индексот да ги имаат сите оценки од положените предмети во летните семестри.
Во Iknow системот треба:
да се запише летниот семестар 2022/2023 година и
да се запишат предметите во летниот семестар
Студентите кои ги имаат исполнето условите за запишување на летниот семестар (оценки во индекс и во Iknow системот) административните обврски во Одделението за студентски прашања можат да ги завршат пред 7 февруари 2022 година.
Работното време со студенти во периодот од 7.2. до 22.2.2022 година ќе биде од 8,30
до 14,00 часот. ( пауза од 10,00 до 10,30 часот)
18.1.2023 г. Од Деканатот