%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%b2%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%b8%d1%81%d0%bf%d0%b8%d1%82%d0%b8-%d0%b2%d0%be-%d0%bb%d0%b5%d1%82%d0%bd%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d1%81%d0%b5%d1%81%d0%b8

ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ ВО ЛЕТНАТА СЕСИЈА
ВО УЧЕБНАТА 2022/2023 ГОДИНА ЗА СТУДЕНТИТЕ КОИ СТУДИРААТ НА ПРВ ЦИКЛУС НА СТУДИИ

Почитувани студенти,

Ве информираме дека согласно Академскиот календар за
активностите на Филозофскиот факултет пријавувањето на испитите
за летната сесија се врши во период од 1.5.2023 до 4.6.2023
година.
Испитите задолжително се пријавуваат по електронски пат.
Студентот пожелно е да ги пријави сите испити.
Пријавувањето на испитите после рокот со парична казна ќе се врши
во Одделението за студентски прашања.

ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ ВО ЛЕТНАТА СЕСИЈА

 Испитите во I (прва) декада ќе се полагаат од 5.6. до
16.6.2023 година
 Испитите во II (втора) декада ќе се полагаат од 19.6. до
30.6.2023 година.

Пријавувањето на условувачките предмети ќе се врши во Одделението
за студентски прашања по положувањето на предусловот кој ќе се
полага во првата декада.
Распоредот за полагање на испити во летната сесија се објавува на веб
страната на Филозофскиот факултет и на огласните табли пред
библиотеките.
НАПОМЕНА: При полагање на испит студентот задолжително треба
носи индекс и пријава за испит. Во случај ако студентот не го носи
индексот и пријавата за испит наставникот нема да биде должен да го
прими студентот на испит.
Исто така студентот е должен да ја земе оценката во индекс во
дадените термини од страна на предметниот професор затоа што
наставникот по полагањето на испитот оценките ги внесува во
електронскиот систем, индексот и пријавата за испит.
Пријавите за испит наставникот ги доставува во Одделението за
студентски прашања во рок од 3 дена од истекот на рокот за увид.

25.4.2022 година
Скопје

Деканатот на Филозофски факултет