
Свечено отворање и пуштање во употреба на две ресурсни центри за интеркултурно образование
Филозофски Факултет во соработка со Нансен Дијалог Центар Скопје на 15 Јуни во 12 часот во просториите на Филозофски Факултет во Скопје одбележуваме свечено отворање и пуштање во употреба на двa ресурсни центрa за интеркултурно образование.
Ресурсните центри за интеркултурно образование се наменети за студентите од институтот за педагогија и институтот за психологија кои што во текот на оваа академска година следат обуки со цел градење на компетенции за интеркултурно образование во тренинг центарот на Нансен Дијалог Центар Скопје. Веруваме дека преку овој вид на иницијативи заедно ќе можеме да придонесеме кон идни успешни воспитно-образовни политики и приоди.
Reсурсните центри ќе им овозможат на студентите полесно да развијат интеркултурни компетенции, како и интеркултурна трансформација и облагородување на севкупниот воспитно-образовен процес во предучилишното, основното и средното образование.
Опремувањето на ресурсните центри за интеркултурно образование е овозможено со финансиска поддршка на Министерството за надворешни работи на Кралство Норвешка преку програмата за интеркултурно образование на Нансен Дијалог Центар Скопје.
На овој настан присуството го потврдија делегација од Норвешка амбасада предводена од заменик амбасадорот Геир Јохансен, заменик министерот за образование и наука Арафат Шабани, деканот на Филозофски факултет проф. д-р Ратко Дуев и извршниот директор на НДЦ Скопје Ветон Зеколи.
Се надеваме дека ќе најдете време во вашата агенда за да учествувате на овој настан.
Филозофски факултет
Leave a Reply