%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82%d1%81%d0%ba%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b5%d0%ba%d1%81%d0%bf%d0%b5%d1%80%d1%82%d0%b8-%d0%b7%d0%b0-%d0%b0%d1%83%d1%82%d0%b8%d0%b7%d0%bc%d0%be%d1%82-%d0%b3%d0%be%d1%81%d1%82%d0%b8

„Светските експерти за аутизмот гости на МНЗА“

Почитувани колешки и колеги,

Со особено задоволство сакаме да ве поканиме на серијата предавања што ќе ги одржи вонреден проф. д-р Јоана Косевска од Педагошкиот универзитет во Краков, Полска. Овие предавања се во рамки на серијата „Светските експерти на аутизмот гости на Македонското научно здружение за аутизам “ што се реализираат во последната 1,5 година, но овој пат со физичко присуство во живо на Филозофскиот факултет. Досега се пријавени 72 заинтересирани лица, но свесни сме дека многу од нив нема да дојдат. Затоа може да се пријават уште 30-тина лица, за да во живо бидат 50-тина гости. Регистрацијата ќе се одвива најдоцна до 14 септември на следниот Гугл формулар.

Предавањата ќе се одржат на 19 и 20 септември 2022 година, во големиот амфитеатар на ФЗФ, со почеток во 13:00 часот. Пријавувањето е задолжително, превод и сертификати не се обезбедени, што значи во аудиториумот ќе имаме студенти и колеги кои ги интересира „чиста наука“. Во прилог се илустрациите за предавањата.

Претседател на МНЗА