
Почитувани,
Ве покануваме да бидете учесник на четвртиот циклус на регионалниот саем за виртуелно образование наречен „На који ћеш факултет?“.
Претстојниот саем започнува на Меѓународниот ден на студентите – 17 ноември 2022 година, а ќе трае до 1 октомври 2023 година. За време на саемот, младите и нивните родители ќе имаат можност да се запознаат со можностите за запишување на основни, магистерски и докторски студии на високообразовните институции во земјава и регионот.
Пристапот до виртуелниот саем ќе биде достапен за сите преку линк од компјутер или мобилен уред. Регистрацијата не е потребна, а влезот е потполно бесплатен.
Саемот за виртуелно образование на едно место ќе собере високообразовни институции од земјите во регионот (Србија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Црна Гора), претставници на странски факултети од остатокот од Европа, како и релевантни компании од регионот. Претходниот саем беше поддржан од министерствата за образование на Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина, а во тек се преговори со министерствата на сите земји учеснички за поддршка на претстојниот саем.
Искуствата со саемите за виртуелно образование ни покажаа дека овој метод на организирање настани и информации е прилагоден на младите луѓе и на моменталните епидемиолошки околности. Претходниот саем собра повеќе од 400 високообразовни институции и го посетија над 38.000 уникатни корисници.
На следниот линк можете да погледнете презентација на претходниот виртуелен саем на образование.