%d0%bfo%d0%b2%d0%b8%d0%ba-%d0%b7%d0%b0-%d1%83%d1%87%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%be-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b4%d0%b5%d0%bd%d1%82%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d1%80%d0%b5%d0%b3%d0%b8%d0%be%d0%bd%d0%b0

Институтот за безбедност, одбрана и мир на Филозофскиот факулет-Скопје при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј„ заедно со Фондацијата „Конрад Аденауер„ од СР Германија и Вилфред Мартенс Центарот за европски студии од Брисел упатува повик до заинтересирани студенти за учество на Регионалната школа за безбедност 2023 година на која партиципираат професори и студенти од Република Северна Македонија, Република Бугарија, Република Србија и Република Хрватска односно од регионот.

Период и локација:

Школата ќе се одржат во Струмица, Република Северна Македонија во периодот 28.02.2023-02.03.2023 година.

Начин на пријавување и селекција на учесниците:

Сите заинтересирани студенти од Република Северна Македонија можат најдоцна до 14.02.2023 година до 15.00 часот да се пријават со доставување на писмо за мотивација (не подолго од една страна) и кратка Биографија на емаил адреса: marjan.gjurovski@fzf.ukim.edu.mk.

Студентите кои ќе учествуваат на Школите ќе добија Сертификат од Филозофскиот факултет-Скопје, Фондацијата „Конрад Аденауер„ од СР Германија и Центарот за европски студии Вилфред Мартенс од Брисел

Повикот можете да го најдете на следниот линк

ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ

Leave a Reply