
ПРОТОКОЛ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРИЕМ НА СТУДЕНТИТЕ ОД I (ПРВА) ГОДИНА НА ФИЛОЗОФСКИОТ ФАКУЛТЕТ ЗА УЧЕБНАТА 2020/2021 ГОДИНА
кој ќе се оддржи на 01.10.2020 во 12.30 часот
Воведен дел
Врз основа на Општите препораки за организирање на настани (Сл. Весник на РСМ бр. 226 од 21.9.2020 г.), Предострожните мерки заради планирани активности на факултетите во кампусот за 1 октомври 2020 год. по повод првиот академски час добиени од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје арх. бр. 13-29/7 од 29.9.2020 год., Протоколот за начинот и условите за организација на настани (https://vlada.mk/protokoli-koronavirus) и Соопштението за прием на студенти од Деканатот на Факултетот, со цел безбеден и успешен прием на студентите од I (прва) година на Филозофскиот факултет – Скопје за учебната 2020/2021 година и одржување на првиот академски час, се изготвува овој Протокол за прием на студентите на Факултетот во услови на прогласена пандемија со корона вирусот Covid-19.
Почитување на Протоколот за реализација на прием на студентите од I (прва) година на Филозофскиот факултет – Скопје за учебната 2020/2021 година е во насока на заедничка заштита и ги намалува можностите за ширење на вирусот на Факултетот.
- ПРИСТИГНУВАЊЕ НА НАСТАНОТ
- Поради ограничени капацитети на паркингот на кампусот на УКИМ на ден 1 октомври 2020 година со цел почитување на „Протоколите за начин и услови за организирање настани“, паркингот ќе биде затворен за надворешни посетители
- Настанот ќе се одржи на отворено пред скалите и платото пред споменикот на Св. Кирил и Методиј од страната на Филозофскиот факултет со официјален почеток во 12:30 часот. Заради соодветно спроведување на здравствените протоколи, потребно е студентите да пристигнат во периодот од 12 до 12 и 25 минути пред почетокот на настанот
- Просторот за одржување на настанот ќе биде јасно означен, со обележани места за седење на присутните, поставени на дистанца од 1,5 метри. Стоењето и групирањето на присутните на настанот нема да биде дозволено
- Од самиот влез од страната на паркингот на УКИМ ќе бидат поставени ознаки со кои ќе бидат означени правците на движење на студентите до просторот на одржување на настанот
- Од страна на редарска служба ќе биде регулирано препорачаното растојание помеѓу посетителите при влез и излез, како и контролата на спроведувањето на мерките од овој протокол
- Влезот во Факултетот за студентите нема да биде дозволен, освен за итни и неодложни потреби (по завршувањето на настанот и со повторно мерење на телесната температура пред влез во Факултетот и дезинфекција на рацете)
- Секој посетител на настанот кој нема да се придржува кон мерките предвидени со овој протокол ќе биде отстранет од настанот
- ЗДРАВСТВЕНО – ХИГИЕНСКИ УСЛОВИ
- Пред одржување на настанот од страна на помошно – техничкиот персонал на Факултетот ќе биде извршена дезинфекција и чистење на просторот
- Задолжително е носењето на лична заштита на лицето на сите присутни на настанот (маски, марами, шалови)
- При влез на обележаното место за одржување на настанот на отворено на сите присутни ќе им биде мерена телесната температура со безконтактен топломер. Во случај на покачена телесна температура (над 37°Ц) нема да биде дозволен пристапот на настанот
- Од страна на редарската служба ќе биде извршена задолжителна дезинфекција на рацете на присутните
- Пред седнување на поставените столчиња од страна на редарската служба поединечно секое столче ќе биде дезифинцирано
- Задолжителна дезинфекција на микрофон и бинска опрема пред настапот на секој учесник на настанот согласно со Агендата за прием и одржување на првиот академски час
- Кога студентот ќе биде повикан од страна на Раководителот на Институтот да пристапи кон подигање на индексот, повторно ќе му биде извршена дезинфекција на рацете и воедно ќе му бидат доделени заштитна маска и средство за дезинфекција со логото на Факултетот
- По извршениот прием на индексот, студентот од страна на редарската служба ќе биде упатен кон насоката за излез од настанот
ВАЖНА НАПОМЕНА
Со цел спречување на можноста од ширење на заразата од корона вирусот Covid – 19 се замолуваат сите студенти доколку имаат некој од следните симптоми – знаци на можна инфекција со Covid – 19 (покачена телесна температура, симптоми на респираторна болест – кашлица, отежнато дишење, воспалено грло, пореметување на чувството за мирис и вкус како и гастроинтенстеинални тегоби – дијареа, повраќање и абдоминална болка) да не доаѓаат на настанот. Студентите кои ќе бидат спречени лично да присуствуваат на приемот и првиот академски час ќе можат да ја следат свечената церемонија преку платформата ЗУМ, како и преку факултетските социјални медиуми. Зум линкот за следење на приемот на 01.10.2020, во 12.30 часот е: https://zoom.us/j/96996973642 (Webinar ID: 969 9697 3642). Подигањето на индексите и другите пропратни материјали ќе можат да го направат од 2.10.2020 година, кај координаторите на Институтите.
30.09.2020 ДЕКАНАТ НА ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ, СКОПЈЕ