
Пријавување на испити во летната сесија во учебната 2021/2022 година за студентите кои студираат на прв циклус на студии
Почитувани студенти,
Ве информираме дека согласно Академскиот календар за активностите на Филозофскиот факултет пријавувањето на испитите за летната сесија се врши во период од 1.5.2022 до 29.5.2022 година.
Испитите задолжително се пријавуваат по електронски пат. Студентот пожелно е да ги пријави сите испити.
ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ ВО ЛЕТНАТА СЕСИЈА
- Испитите во I (прва) декада ќе се полагаат од 30.5. до 11.6.2022 година
- Испитите во II (втора) декада ќе се полагаат од 13.6. до 25.6.2022 година
Пријавувањето на условувачките предмети ќе се врши во Одделението за студентски прашања по положувањето на предусловот кој ќе се полага во првата декада.
Распоредот за полагање на испити во летната сесија се објавува на веб страната на Филозофскиот факултет и на огласните табли пред библиотеките.
ВАЖНО: Полагањето на испити ќе може да се спроведе по електронски пат или со физичко присуство во координација меѓу наставниците и студентите, а во согласност со мерките за заштита од коронавирусот COVID 19.
Координаторите на студиските програми ќе ве информираат за начинот на реализација и термините за испитите.
29.4.2022 година
Скопје Деканатот на Филозофски факултет