%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%98%d0%b0%d0%b2%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5%d1%82%d0%be-%d0%bd%d0%b0-%d0%ba%d0%b0%d0%bd%d0%b4%d0%b8%d0%b4%d0%b0%d1%82%d0%b8-%d1%87%d0%bb%d0%b5%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b8

Почитувани студенти,

Ве информираме дека заради спроведување на изборите на членови и претседател на Факултетското студентско собрание, кои ќе се одржат на 22.11.2021 година, започнува предлагањето и пријавувањето на кандидати – членови на ФСС и претседател на ФСС.

Номинацијата на кандидати-членови на ФСС завршува на 08.11.2021 година (понеделник) до 12 часот и истата се врши преку пријавување на мејл на Претседателот на избирачката поткомисија, односно Раководителот на студиската програма при Институтот на кој студирате.

Кандидатите за претседател на ФСС преку архивата на Факултетот поднесуваат пријава до Изборната комисија најдоцна до 08.11.2021 година (понеделник) до 15 часот. Кон пријавата треба да се достави Програма за работа и Потврда за редовен студент издадена од Одделението за студентски прашања.

Избирачка комисија