ПС201З/18: Сознајни процеси

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ПсихологијаII3+26

Наставник: д–р Елена Ачковска Лешковска 

Цели на предметната програма:

Студентите да се запознаат со научните сознанија за учењето, помнењето, заборавањето, мислењето и говорот како когнитивни процеси, со цел да ги разберат, правилно да ги толкуваат и да умеат да ги применат стекнатите знаења.

Содржина на предметната програма:

Предмет, методи и развој на когнитивната психологија. Учење: поим и видови. Учењето во функција на моделирање на однесувањето. Поимот помнење: кодирање, сочувување и извлекување на информациите. Сензорно, краткотрајно и долготрајно помнење. Неврофизиолошка основа на помнењето. Исклучителна меморија и мнемотехники. Растројства на помнењето. Заборавање. Мислење: поим и видови. Стратегии за решавање различни видови проблеми. Грешки во мислењето. Јазик и говор. Комуникација кај животните. Функции на говорот. Однос помеѓу говорот и мислењето.

Литература:

1. Sternberg, R.Ј., Kognitivna psihologija (одбрани поглавја), Jastrebarsko: Naklada Slap, 2005

2. Zarevski, P., Psihologija pamćenja i učenja, Jastrebarsko: Naklada Slap, 1997