ПС702З/18: Клиничка психологија

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ПсихологијаVII3+26

Наставник: д–р Катерина Наумова

Цели на предметната програма:

Запознавање на студентите со предметот и методите на клиничката психологија и со подрачјата на работа на клиничкиот психолог, разбирање и примена на критериумите за дефинирање на менталното здравје и на основните парадигми во клиничката психологија.

Содржина на предметната програма:

Предмет, развој и задачи на клиничката психологија. Теоретски модели во клиничката психологија. Клиничка процена. Области на примена и посебни дисциплини: здравствена психологија, форензичка психологија, психологија во заедницата, клиничка психологија во социјалната заштита, детска клиничка психологија. Истражување во клиничката психологија. Професионална етика.

Литература:

1. Berger, Ј. i Mitić, М. (ur.), Klinička psihologija, Centar za primenjenu psihologiju, 2007  (превод за интерна употреба)

2. Nietzel, M., Bernstein, D., & Milich, R., Uvod u kliničku psihologiju, Naklada Slap, 2002