ПС707И/18: Развој на кариерата

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ПсихологијаVII2+26

Наставник: д-р Билјана Блажевска-Стоилковска

Цели на предметната програма:

Студентите да се запознаат со традиционалните и современите сфаќања (модели) за кариерата, како и со принципите на управувањето со кариерата; да стекнат сознанија за најпознатите теории за изборот и развојот на кариерата; да добијат теоретска рамка за помагање на адолесценти и возрасни во развојот на кариерата преку разбирање на улогата на психолошките фактори и психолошката процена во овој процес.

Содржина на предметната програма:

Традиционални и современи сфаќања за кариерата и кариерниот успех, Индивидуално управување со кариерата, Организациска поддршка во управувањето со кариерата, Рамнотежа помеѓу кариерата и семејниот живот. Современи теориски пристапи за изборот и развојот на кариерата. Процена на професионалните интересирања, работните вредности, потреби и црти на личноста. Идентификување на тешкотии и бариери во развојот на кариерата.

Литература:

1. Гринхаус, Џ., Каланан, Џ. и Годшолк, В., Управување со кариерата, Скопје: Арс Студио, 2015

2. Блажевска Стоилковска, Б., Изборот на кариера – процес на донесување одлуки, Годишен зборник 66, 2013, 190-200

3. Блажевска Стоилковска, Б., Психолошки договор: содржина, формирање и импликации, Годишен зборник 63, 2010, 225-238

4. Блажевска Стоилковска, Б., Готфредсоновата теорија на ограничување, компромис и себе-креирање: приближување на психолошкиот и социолошкиот приод во изборот и развојот на кариерата, Социолошка ревија 1/2, 2007, 65-74

5. Блажевска Стоилковска, Б., Работни вредности – фактори на изборот на занимање и однесувањето на работа, Годишен зборник 67, 2014, 83-96