ПС706И/18: Психологија на маркетингот

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ПсихологијаVII2+26

Наставник: Проф. Калина Сотироска Иваноска

Цели на предметната програма:

Да се добијат научни и продлабочени сознанија за психолошките аспекти и ефектуирање на процесот на размена меѓу потрошувачите од една страна, и продавачите и производителите на добра, производи, услуги и други видови на понуди од друга страна. Оспособување за практична работа во областа на маркетинг.

Содржина на предметната програма:

Дефинирање на поимот маркетинг, Психолошки теми во маркетингот (мотивација, емоции, личност, селф концепт, животен стил на потрошувачите), Психолошки теориски приоди во проучување на однесувањето на потрошувачите- когнитивен, бихејвиорален, енвиронменталистички и трансакциски приод; Придонес, улоги и проблеми на психологијата во маркетингот, Перспективи на психологијата во маркетингот.

Литература:

1. Radulović, M. D., Psihologija marketinga. Teorijski pristupi u proučavanju ponašanja potrošača. Beograd: Institut za kriminološka i sociološka istraživanja, 1998

2. Janković, S., Milošević, S., Momčilović, O., Marketing na jednostavan način, Beograd: Familet, 2008

3. Sardžoska, E., Student consumer behavior (p. 39-51). In: Columbus, M. A. (еd.).Advances in psychology research. Vol.125 New York: Nova Science Publishers, 2017