ПС607И/18: Надареност

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ПсихологијаVI2+26

Наставник: д–р Елена Ачковска Лешковска

Цели на предметната програма:

Студентите да стекнат продлабочени научни сознанија за природата на надареноста и едукацијата на надарените ученици, како и да се оспособат за идентификација на надарените поединци.

Содржина на предметната програма:

Надареност и сродните поими. Различни концепции за природата на надареноста. Видови надареност. Карактеристики на надарените. Фактори кои влијаат на развојот на надареноста. Препознавање и идентификација на надарените: критериуми, методи и инструменти. Едукација на надарените. Форми на работа со надарените ученици.

Литература:

1. Ачковска Лешковска, Е., Надареност, Скопје: Филозофски факултет, 2009

2. Арнаудова, В., Ачковска Лешковска, Е., Nadareno dete, Скопје: Филозофски факултет, 2007

3. Арнаудова, В., Ачковска Лешковска, Е., Спасовски, О., Верификација на научната методологија за идентификација на надарени ученици, Годишен зборник на Филозофски факултет, 58, 2005, 67-85

4. Ачковска Лешковска, Е., Имплицитниот концепт на надарен ученик кај наставниците од основни и средни училишта, Годишен зборник на Филозофски факултет, 57, 2004, 157-175