ПС602З/18: Вовед во емпирски истражувања
Студиска програма: | Семестар: | Часови: | Кредити: |
Психологија | VI | 3+2 | 6 |
Наставник: д–р Виолета Петроска Бешка
Цели на предметната програма:
Студентите да го сфатат значењето на научниот метод за психологијата и да се стекнат со знаења и вештини за: планирање на емпириско истражување во психологијата, откривање и поставување истражувачки проблеми од областа на психологијата, почитување на етичките принципи на истражувањата во психологијата и сродните науки, почитување на правилата за пишување извештај од спроведено емпириско истражувањe.
Содржина на предметната програма:
– Карактеристики на научниот метод
– Видови, цели и фази на научното истражување
– Проблем на истражувањето и истражувачки хипотези
– Варијабли во истражувањето
– Популација и примерок
– Истражувачка етика
– Пишување извештај за спроведено емпириско истражување
Литература:
1. Виолета Петроска – Бешка, Подготовка за истражување во психологијата, Филозофски факултет, УКИМ, Скопје 2009
2. Виолета Петроска-Бешка и Николина Кениг, Како се пишува извештај за спроведено емпириско истражување, Филозофски факултет, УКИМ, Скопје, 2011
3. Еванс, А. Н. и Руни, Б. Ј., Методи на психолошко истражување, Европа 92, Кочани, 2012