ПС507И/18: Тестови на знаење

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ПсихологијаV2+26

Наставник: д–р Виолета Петроска Бешка

Цели на предметната програма:

Студентите да ги разберат различните нивоа на знаење и начините како може овие нивоа да се оценуваат преку тестовите на занење и да стекнат знаења и вештини за изработка на објективни и есејски тестови на знаење и нивна примена во оценување на постигањата на учениците.

Содржина на предметната програма:

– Тестовите на знаење како метод на оценување

– Изработка на објективни тестови на знаење (планирање на тестот, составување, бодување и анализирање на различни видови објективни прашања)

– Изработка на есејски тестови (составување и вреднување на есејски прашања)

– Задавање на тестовите и формирање оценки од добиените резултати

Литература:

1. Виолета Петроска-Бешка, Оценување со тестови на знаење, Филозофски факултет, Скопје, 2007

2. Kubiszyn, T. & Borich, G., Educational Testing and Measurement, John Wiley & Sons, 2007