ПС408И/18: Компјутерска обработка на податоци

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ПсихологијаIV2+26

Наставник: д-р Билјана Блажевска-Стоилковска

Цели на предметната програма:

Студентите да се оспособат за внесување на податоци добиени во истражување во компјутер (креирање бази на податоци), да стекнат вештини за компјутерска анализа на податоците (корелации, регресивна анализа, анализа на варијанса, факторска анализа), да се оспособат за читање на добиените резултати и за нивна интерпретација, да стекнат знаење за соодветно соопштување на резултатите.

Содржина на предметната програма:

Подготовка на податоци добиени во истражувања за компјутерска обработка (креирање бази на податоци). Статистичка анализа на податоците на компјутер: Биваријатна корелација, Линеарна мултипла регресивна анализа (методи), Двофакторска анализа на варијанса, Непараметриски тестови, Факторска анализа.

Литература:

1. Николоски, Т., Напредни статистички методи за психолози, Филозофски Факултет, 1997 (стр. 1-36; стр. 139-167)

2, Николоски, Т., Статистика во психологијата, Филозофски факултет, 2001 (стр. 257-267; 309-329)