ПС406И/18: Род и насилство

Студиска програма:Семестар:Часови:Кредити:
ПсихологијаIV2+26

Наставник: д–р Николина Кениг

Цели на предметната програма:

– Стекнување знаења за: облиците низ кои се манифестира родовото насилство, главните теориски објаснувања на истото, психолошките и социјалните последици од насилството, индикаторите за препознавање и можностите за превенирање

– Стимулирање на родова сензитивност и критичкото преиспитување на конструктите низ родова перспектива

– Стекнување дополнителни знаења и вештини во сферата на емпириските истражувања на родово базираното насилство

– Aфирмирање на негативниот став кон насилството воопшто, особено кон родово-базираното насилство

Содржина на предметната програма:

Дефинирање на насилството. Дефинирање и типологии на родово базирано насилство. Агресија и теории за агресивноста. Родот и моќта. Структурно насилство и културно насилство. Сексуално насилство. Видови сексуално насилство и теории за објаснување на сексуалното насилство. Последици од сексуално насилство. Насилство во интимни релации и теории за овој вид насилство. Последици од насилството во интимни релации. Аспекти на сеопфатно сексуално образование и неговата улога во превенирање на родово засновано насилство. Методолошки прашања во истражувањата на насилството.

Литература:

1. Кениг, Н., Насилство: родова перспектива, Филозофски факултет, 2011

2. Група автори, Аспекти на сексуалноста и сексуалното образование, ХЕРА и Филозофски факултет, 2014

3. Krug, E. G., Dahlberg, I. L., Mercy, J. A., Zwi, A. & Lozano, R. (eds)., World Report on Violence and Health, World Health Organization, 2002